Големиот пожар во опсег од 20 километри, и натаму активен во Мариово. Во Општина Прилеп доцна синоќа заседаваше кризниот штаб. Се бранат селата Бонче, Крушевица, Дуње, Пештани и Кален. На помош е планирано да дојдат пожарникари и од други општини.
-
Македонија 04.09.2024 08:43
-
Македонија 04.09.2024 08:41
Муртезани во дводневна работна посета на Брисел
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на денес и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со Оливер Вархеји, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Стефано Санино, Генерален секретар на Европската служба за
-
Македонија 04.09.2024 07:58
Денеска во Кривичен почнува судењето за убиството на Вања и Панче
Во Кривичниот суд почнува судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Првообвинет е Љупчо Палевски, се товари дека бил организатор на грабнувањата и извршител на убиствата. По бегството во Турција, беше екстрадиран во земјава.
-
Македонија 04.09.2024 07:47
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.
-
Македонија 03.09.2024 21:16
Новиот амбасадор на ЕУ Михалис Рокас пристигна во Скопје
Грчкиот дипломат Михалис Рокас е новиот евроамбасадор, објави делегацијата на ЕУ во Скопје. Рокас доаѓа на местото на евроамбасадорот Дејвид Гир.
Пред да биде назначен во земјава, Рокас беше шеф на делегацијата на ЕУ во Малезија, должност на која се наоѓаше од декември 2020 година.
-
Македонија 03.09.2024 21:07
Лишени од слобода крадци во Скопје
Денеска од страна на полициски службеници од ЕВР Центар при СВР Скопје, во центарот на Скопје беа лишени од слобода К.Д. од Кавадарци и А.Б. од Скопје, по претходна пријава од Ј.В.
-
Македонија 03.09.2024 21:02
Целосно изгаснат пожарот во Расадник, причината и штетата допрва ќе се утврдуваат
Жителите на скопски Расадник уште долго ќе седат со затворени прозорци. Пожарот е изгаснат, но населбата е обвиена во чад. Причините и штетата допрва ќе се утврдуваат. Го подметнал ли човек или избувнал под несреќни околности.
-
Македонија 03.09.2024 20:42
Собранието не ја изгласа интерпелацијата на спикерот Африм Гаши
Со 72 гласа против, и 21 за, Собранието вечерва не ја прифати интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши, поднесена од Левица.
-
Македонија 03.09.2024 20:31
Фрлени 53 тони вода врз пожарот на Скопска Црна Гора
Денеска хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше врз пожарот на Скопска Црна Гора, на место викано Рамно.
Во 21 налет исфрлени се 53 тони вода, а активностите за гасење на пожарот продолжуваат.
-
Македонија 03.09.2024 19:50
Трипуновски: Во Македонија ќе влегува само безбедна и квалитетна храна
„Ние во нашиот фитосанитарен систем и безбедност на храна имаме повеќе институции со кои што менаџираме, тоа е Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државната фитосанитарна лабораторија, нормално и Министерството како креатор на политиките“, истакна министеро










