Над 200 кумановци кои спаѓаат во категоријата социјално ранливи, изразиле интерес да добиваат секојдневен оброк од народната кујна, проект кој започна да го реализира секторот за социјална заштита при Општина Куманово.
-
Македонија 14.07.2024 11:35
-
Македонија 14.07.2024 11:04
Девет лица со симптоми на труење хоспитализирани во Гостивар
Девет лица со симптоми на труење со храна се згрижени на Инфективната клиника во Гостивар. По соодветната терапија сите се пуштени на домашно лекување, без потешки симптоми.
-
Македонија 14.07.2024 10:17
На „Табановце“ за влез се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез 15 минути
На граничниот премин „Табановце“ за влез во земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава околу 15 минути, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.
Чекањето, како што информира АМСМ, е поради зголемена фреквенција на возила.
-
Македонија 14.07.2024 09:55
ЦУК: Активни седум пожари
Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни седум пожари. По прогласување на кризна состојба во траење од 30 дена од страна на Владата по барање на Кризниот штаб на Неготино од рано утринава пожарот во неготинско се гаси од земја и од воздух.
-
Македонија 14.07.2024 09:48
МВР: 181 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 14.07.2024 09:31
Армијата и два хеликоптера ангажирани во гаснењето на пожарот во неготинско
Стотина припадници на Армијата и два хеликоптера МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ од раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнале со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.
-
Македонија 14.07.2024 09:19
Портокалова фаза до крајот на следната работна недела
Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе надминува 40 целзиусови степени, поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.
-
Македонија 14.07.2024 08:46
Владата донесе одлука за кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена
Владата прогласи 30 дневна кризна состојба поради состојбата со пожарите и топлотниот бран што ја зафати земјата. Министерството за внатрешни се задолжува да ангажира полициски сили за поддршка во гаснењето на пожарите.
-
Македонија 13.07.2024 19:48
СВР Скопје со детали за случајот со малолетниците
Секторот за внатрешни работи Скопје информираше дека целосно е расчистен случајот со четирите малолетници од кои две во бессознание беа пронајдени во куќа на 40-годишник и однесени на Клиниката за токсикологија.
-
Македонија 13.07.2024 18:42
Скопјанец осомничен за тешки дела против здравјето и излагање на опасност на деца
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за – Тешки дела против здравјето на луѓето, според член 217 став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 212 став 1, како и за кривично дело – Излагање на опасност според член 13










