-
Македонија 02.07.2024 17:05
Силен ветер, паднати дрвја, повредена жена во Скопје
Од силниот ветер дрво падна во центарот на Скопје и повреди жена. Оштетен е и паркиран автомобил. Според ЦУК, паднати дрвја, оштетени кровови и автомобили, откачени кабли има на повеќе локации во главниот град. -
Македонија 02.07.2024 16:04
Деспотовски: 11.000 членови не гласаа
Изборниот процес за претседател на СДСМ не може да заврши без одговори зошто на 11.000 членови не им беше дадено да гласаат, вели кандидатот Јован Деспотовски. Не поднел приговори оти комисијата го заклучила изборот.
-
Македонија 02.07.2024 15:34
Владата одлучи: Укинување на позицијата економски директори на Клиниките, нови кадрови решенија и враќање на оградата на владината зграда
Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои одлука за укинување на економските директори на Клиниките и одлука за именување на раководни кадри на пет државни институции.
-
Македонија 02.07.2024 15:00
Средба Јанев – Николовски
Денеска , директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари работна средба со заменик претседателот на Влада и Министер за транспорт и врски Александар Николоски.
-
Македонија 02.07.2024 13:57
Продолжува судењето против Димитриевски
Во кумановскиот Основен суд продолжи судењето против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кој е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување, по пријава на двајца бизнисмени.
-
Македонија 02.07.2024 13:57
Годишно од Македонија си заминуваат околу 2.500 високобразовани кадри
2.500 образовани кадри во просек годишно ја напуштиле земјава, која за нив инвестирала околу 725 милиони евра од 2013 до 2021 година. Што е загуба од 8,34 отсто од домашниот бруто-производ алармира извештајот на државната ревизија.
-
Македонија 02.07.2024 13:42
Изгаснат пожарот во старата чаршија во Прилеп
Во Прилеп заседаваше кризниот штаб на општината, главна тема беше пожарот што избувна во старата градска чаршија. Брзата интервенција на пожарникарите не дозволи проширување на пламените јазици низ чаршијата. Штабот расправаше и за пожарите во прилепскиот регион.
-
Македонија 02.07.2024 13:40
Тошковски – Вал: Сериозна посветеност на модернизација и професионализација на полицијата
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килијан Вал.
-
Македонија 02.07.2024 13:24
МВР со предупредување: Измамници лажно се претставуваат како лица од МВР и ЕВРОПОЛ
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.
-
Македонија 02.07.2024 13:19
Алармантен одлив на кадри, утврди ДЗР
Алармантен одлив на кадри – утврди Државниот завод за ревизија. Македонија губи дури 8,34 отсто од бруто-општествениот производ секоја година како резултат на масовниот одлив на мозоци од земјата.










