За утре приватните превозници најавуваат штрајк. Ќе престанат да превезуваат патници од 10 часот. Се жалат дека немаат сметка повеќе да работат.
Според нив, само во првите пет недели по постигнатиот договор добивале аванс, а потоа речиси една година не добиле никаков надоместок.









