За денеска е закажана собраниската седница за избор на новата влада предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-
Македонија 22.06.2024 09:03
-
Македонија 22.06.2024 08:48
Сончево и многу топло, до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната од 33 до 40 степени, додека УВ ќе биде 9.
-
Македонија 21.06.2024 20:42
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Велес
Сообраќајот на патот Градско-Велес, кај „Дади Петрол“, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа, е нормализиран, соопшти АМСМ.
-
Македонија 21.06.2024 19:23
Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи
Викендов земјава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што ќе преовладува претежно сончево и натпросечно топло време, но од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бид
-
Македонија 21.06.2024 19:04
Mакедонска државјанка загина, четири лица се повредени во сообраќајка на автопат во близина на Солун
Триесетгодишна македонска државјанка загина во сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случила на автопат во близина на Солун. Во сообраќајката биле повредни уште четири други лица.
-
Македонија 21.06.2024 18:22
Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари
Поврзано со дезинформациите пласирани во јавноста, а во врска со последниот случај на појава на змија во Идризово, ја известуваме јавноста дека со Законот за Град Скопје е прецизно утврдено чии се надлежностите за дезинсекција, дезинфекција и дератизација, односно Град Скопје нема надлежност за д
-
Македонија 21.06.2024 17:51
Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожар во кичевско
Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот на отворено во атар на селото Цер, општина Кичево.
Хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова шума, соопштуваат од МВР.
-
Македонија 21.06.2024 17:34
Цистерна се превртела на автопатот Градско – Велес, сообраќајот пренасочен по стариот пат
На автопатот Градско-Велес кај „Дади Петрол“, попладнево во 16 часот, се случила сообраќајна незгода во која се извртела цистерна, соопшти АМСМ.
Поради сообраќајката, сообраќајот е пренасочен и ќе се одвива по стариот пат, посочуваат од АМСМ.
-
Македонија 21.06.2024 17:09
Опожарено возило на скопјанец
Триесет и тригодишен скопјанец утрово, во 1:15 часот, пријавил во СВР Скопје дека претходниот ден од телефонски број на лице кое го познавал му биле испраќани пораки со заканувачка содржина и му биле барани 80.000 евра.
-
Македонија 21.06.2024 16:08
Скопјани од жегата бегаат на Матка
На плус 40 степени граѓаните најубаво се разладуваат покрај вода, на Матка, односно на неколку километри од главниот град. Токму таму, тие го менуваат жешкиот асфалт со пријатниот воздух на живописниот кањон.









