И приватните специјализанти повторно ќе го кренеме гласот за нивните барања за како што велат, за достоинствен живот и основни човекови права. Во паркот на интерни клиники денеска во 11 часот ќе протестираат под мотото „мои права“.
-
Македонија 30.04.2024 08:40
-
Македонија 30.04.2024 08:32
Финансии препорачаа денеска да ги вратат старите цени на полисите
Финансии им препорача на осигурителните компании денеска да ги вратат старите цени на полисите. Ваквото укажување е со цел обезбедување транспарентност и предвидливост на процесите.
-
Македонија 30.04.2024 08:20
ФЗОМ со најава за нов штрајк
Вработените во Фондот за здравство денеска во 11 часот ќе излезат на предупредувачки протест поради незадоволството за не усогласувањето на платите со растот на минималната плата, соопшти Синдикатот на УПОЗ.
-
Македонија 30.04.2024 08:13
Намалена употреба на антибиотици кај добиток
Исто како и кај луѓето, лекувањето на добитокот со антибиотици кога во стадото постои инфекција треба да биде контролирано.
-
Македонија 30.04.2024 08:07
125 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 30.04.2024 08:03
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
-
Македонија 29.04.2024 21:06
Пронајдена почината 26-годишна девојка
Тело, на почината 26-годишна девојка од Кавадарци, е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип.
Неофицијално, девојката била почината веќе неколку дена, а според првичните информации, таа во куќата живеела под кирија.
-
Македонија 29.04.2024 20:15
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен градоначалник на една скопска општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно член 353 од КЗ.
-
Македонија 29.04.2024 20:05
Активности на коалицијата „Храбро за Македонија“
Училишните спортски клубови се задолжителни во државава но никој не ги финансира рече носителката на листа во изборната единица 1 од ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“, Андоновска. Потенцираше дека студентите на УКИМ се без спортска сала, проблем повеќе од 15 години во земјава.
-
Македонија 29.04.2024 18:53
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција, пренесувале лажни бланко документи
Двајца македонски државјани се осудени на по 5 години затвор откако викендов биле уапсени од грчката полиција со 600 фалсификувани бланко европски документи.










