„Ако бидам избрана за шеф на државата нема да правам поделби и еднакво ќе ги третирам сите граѓани, без разлика на нивното потекло“, вели кандидатката за претседателка Силјановска-Давкова. Таа рече дека редовно ќе дава отчет и повторно ќе ги отвори народните канцеларии.
-
Македонија 15.04.2024 12:55
-
Македонија 15.04.2024 12:54
Пендаровски: Како и досега ќе бидам претседател за сите
„Го решивме спорот со Грција, по 25 години преговори и станавме членка на НАТО. Тоа значи конечна „тапија“ за нашата независност, границите, суверенитетот“, истакна пред кумановци, кандидатот за претседател од СДСМ.
-
Македонија 15.04.2024 12:41
Приведени 17 припадници на затворската полиција
Приведени 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Идризово. Заработија и кривична пријава. Изведени се пред судија на претходна постапка. Акцијата за нивно приведување полицијата и обвинителството ја реализирале утрово, а е резултат по повеќемесечна криминалистичка истрага.
-
Македонија 15.04.2024 12:24
Штрајк на приватните специјализанти, нема да работат сè додека не се исполнат нивните барања
Приватните специјализанти стапија во штрајк, нема да работат сè додека не се исполнат нивните барања за зголемување на паричниот надоместок и решавање на нивниот статус.
-
Македонија 15.04.2024 12:11
Уапсени 17 припадници на затворска полиција во Идризово
Во полициска акција утринава се уапсени 17 припадници на затворската полиција во затворот „Идризово“.
„Уапсени се 17 припадници на затворската полиција и веќе се изнесени пред судија на претходна постапка“, информираат од Обвинителството.
-
Македонија 15.04.2024 11:13
ЦУК: Пожарот на Баба Планина е под контрола, нема опасност од ширење
Од Центарот за управување со кризи информираат дека регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарот што беше активен од вчера над с. Велушина, односно над с. Остерец на Баба Планина е под контрола, но постои само чад и нема опасност од ширење по населени места.
-
Македонија 15.04.2024 10:30
Казнети 715 возачи за брзо возење на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 715 возачи, информираат од МВР.
-
Македонија 15.04.2024 10:15
Царинска управа со крводарителска акција за Денот на Царината
Околу 100 единици крв беа донирани од страна на ца ја организира заедно со Црвен крст и Републичкиот завод за трансфузиологија.
-
Македонија 15.04.2024 09:55
МВР: 85 казнети возачи на територијата на Св. Николе и Пробиштип
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 17.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Св.
-
Македонија 15.04.2024 09:34
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).










