Со измерени седум степени најстудено утрово е во Берово, додека со 15 степени Целзиусови најтопло е во Скопје-Зајчев Рид и во Тетово.
-
Македонија 16.04.2024 09:22
-
Македонија 16.04.2024 09:08
МВР: 188 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информираат од МВР.
-
Македонија 16.04.2024 09:06
Пожарот кај тетовско село Селце сè уште е активен
Пожарот кај тетовско село Селце сè уште е активен. И денеска на терен се противпожарните екипи од Тетово, ренџерите од Националниот парк Шар планина, а вклучени се и хеликоптери од Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 16.04.2024 08:43
Продолжува изборната кампања за претседателските избори
Продолжува изборната кампања за претседателските избори, кандидатите и денеска со митинзи, дебати и средби со граѓани. Кандидатката од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова ќе ја претстави изборната програма пред жителите на Дојран, Валандово и Гевгелија.
-
Македонија 16.04.2024 08:15
Променливо облачно со сончеви периоди
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
-
Македонија 15.04.2024 20:19
Хеликоптерите на МВР исфрлија над 50 тони вода врз пожарот во атарот на село Селце
Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атарот на село Селце, општина Тетово, упати два хеликоптера од типот Бел-412 и М171.
-
Македонија 15.04.2024 19:36
Уапсени 17 припадници на затворската полиција
Излегле од болницата за да испушат цигара и наместо да го чуваат затвореникот осуден за убиство, го пуштиле да избега. Шестмина полицајци од „Идризово“ завршија во притвор затоа што лани во октомври го оставиле затвореникот без надзор, а кога виделе дека избегал не им кажале на старешините.
-
Македонија 15.04.2024 19:00
Комората за вештаци денеска одржа Основачко собрание
Комората за вештаци денеска одржа Основачко собрание, за претседател едногласно е избран Виктор Исјановски.
Со ова, комората после 8 години повторно стана функционална со што би се решиле проблемите со кои се соочуваат вештаците и унапредување на нивната работа.
-
Македонија 15.04.2024 18:12
Расчистено разбојништво во Куманово, поднесена кривична пријава
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ц.(29) од Косово, В.А.(25) од Скопје, М.С.(31) од Скопје, Б.Ш.(33) од Косово, Д.К.(26) од Косово и Е.А.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Пријавениот Е.А.
-
Македонија 15.04.2024 17:29
Генерален штрајк на приватните специјализанти
Надлежните имаат разбирање за барањата на приватните специјализанти, но поради изборите во овој момент не може да има покачување платите. Младите лекари остварија средба со владините претставници.









