-
Македонија 04.03.2026 13:25
632 Македонци барале информации за евакуација
Над 630 македонски државјани чекаат евакуација од Блискиот Исток. Дел веќе се вратени со српски авион. Шестмина во сопствена режија заминале за Скопје, уште толку по копнен пат се пренесени во Египет, па оттаму за Скопје. -
Македонија 04.03.2026 13:17
Трае 48-часовниот притвор за Јовановски
Тече притворот за сопругот и татко на жртвите во скопски Карпош. Се собираат докази за кривичните дела што му се ставаат на товар. Се чекаат и информации од Министерството за социјала за постапувањето на центрите.
Известува Андријана Ѓурческа
-
Македонија 04.03.2026 13:16
Пратенички прашања на опозицијата
Во Собранието на седница треба да се изберат новите заменик-министри за одбрана и за образование, кадар од коалицијата „Вреди“. Вообичаена практика е и еднаш месечно да има пратенички прашања само за опозицијата.
Миле А. Ристески е во законодавниот дом.
-
Македонија 04.03.2026 13:15
Началникот на Генералштабот на Армијата во работна посета на Вооружените сили на САД
Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денес престојува во повеќедневна работна посета на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави.
-
Македонија 04.03.2026 12:31
Василево добива енергетски ефикасен Дом на култура
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Василево, Славе Андонов, изврши увид во реализацијата на инфраструктурниот проект „Creative DG EcoTour“, кој се спроведува во рамки на Програмата INTERREG VI-A IPA со Бугарија 2021 – 2027.
-
Македонија 04.03.2026 09:55
Денеска трета седница на Уставен суд
Уставен суд на Република Македонија денеска ќе ја одржи третата седница, на чиј дневен ред се предвидени девет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста.
-
Македонија 04.03.2026 09:33
Финансиски злоупотреби и „исчезнати“ лаптопи во Министерството за односи меѓу заедниците, утврди ревизијата на ДЗР
Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави алармантен извештај за работата на Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година, во кој е изразено неповолно мислење за реалноста на финансиските извештаи и усогласеноста со законите.
-
Македонија 04.03.2026 09:03
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози
Тешко моторните возила се пренасочуваат од БП Дизел-Стенковец до ГП-Блаце.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
-
Македонија 04.03.2026 08:38
Собранието избира нови заменици министри во одбрана и образование
Денеска во законодавниот дом ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование. По повеќе од десет месеци од излегувањето на Таравари од Владата, премиерот треба да го комплетира владиниот состав, со испразнетите позиции во двата ресора.
-
Македонија 04.03.2026 08:14
Сончево со мала до умерена облачност
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.










