Со користење на комерцијални летови, а по потреба и владиниот авион, МНР планира да ги враќа македонските државјани од Израел преку Египет.
-
Македонија 03.03.2026 17:07
-
Македонија 03.03.2026 16:24
Почина 10-годишно дете по пад од балкон во Тетово
Десетгодишно дете утринава го загубило животот во Тетово, информираат од СВР Тетово. Според првичните информации, причината за смртта е пад од балкон од станот во кој живеело.
Момчето трагично го загубило животот откако паднало од балконот на стан на „Индустриска“ улица.
-
Македонија 03.03.2026 15:33
Колку чини мирот и слободата во Израел и Иран?
Додека војната ја разгоруваат високи геостратешки интереси, обичниот човек во Израел и Иран е изложен на ужаси. Секој, како што вели народната, плаче на својот гроб. Непроспиени ноќи и денови во засолниште минуваат жителите на Тел Авив, каде во нападите од Иран веќе има загинати и тешко ранети.
-
Македонија 03.03.2026 14:18
Вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи по трагичниот случај во скопски Карпош
Министерство за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои трагично го загубија животот и информира дека веднаш е спроведен вонреден инспекциски надзор во Центар за социјални работи – Скопје.
-
Македонија 03.03.2026 14:01
Тројцата обвинети полицајци кои го контролирале „Пулс“ се изјаснија дека не чувствуваат вина
Газдата на „Пулс“, Дејан Јованов, куртулил од казни за незаконито работење откако полицајците кои го контролирале клубот погрешно ги пополниле записниците, односно, наместо името на фирмата впишале друга која била неактивна и на тој начин го спасиле газдата од глоба.
-
Македонија 03.03.2026 13:50
Истрага за трагедијата во скопски Карпош
Eдно лице е задржано во полициската станица по трагичниот настан во Карпош кога мајка и дете починаа при пад од зграда. Се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност, соопштија од Обвинителството. -
Македонија 03.03.2026 13:45
Хроничен недостиг на антидијабетна терапија
Ампутации, оштетување на очи, очен притисок, срцеви компликации-дел од коморбидитетите со кои лицата со дијабетес секојдневно се соочуваат.
-
Македонија 03.03.2026 13:27
Продолжува истрагата за убиствата во Старо Нагоричане
Со ексхумација на повозрасна жена, но и психијатриско вештачење на осомничениот, продолжува истрагата за неколкуте убиства во Старо Нагоричане. Лицето е пренесено во Психијатриската клиника во Скопје, каде што преглед денес ќе му изврши тим од експерти.
-
Македонија 03.03.2026 13:22
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на земјава. Со највисоки државни и воени почести пречекан во Вила Водно, во тек е средба со претседателката Сиљановска-Давкова. Ќе одржат и заедничка-прес-конференција. На агендата е и неговото обраќање пред Собранието. -
Македонија 03.03.2026 12:43
Македонски државјани чекаат евакуација од ризичните подрачја
Расте бројот на граѓани кои бараат помош за напуштање на ризичните подрачја. Од почетокот на конфликтот 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби.










