Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.
Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.
Шумски пожар вечерва избувна во атарот на гостиварското село Дебреше, опожарена е борова шума. Заради интензитетот и временските услови гаснењето е отежнато.
Основниот суд Тетово одлучи Алијансата за Албанците да припадне на таборот на Зијадин Села. Со ваквата одлука ова крило ги добива печатите на партијата.
Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, кој на претстојните претседателски избори се трка за втор мандат за шеф на државата, вечерва ќе одржи Конвенција на која ќе ја претстави изборната програма. Известува Борис Грујоски.
Вечерва на полноќ истекува законскиот рок во кој коалициите и политичките партии треба да ги достават кандидатските листи за претстојните парламентарни избори.
Кандидатите за претседател, освен Стевчо Јакимовски, потпишаа кодекс за фер и демократски избори. Досега две коалиции и две партии ги доставиле листите за пратеници до Државната изборна комисија за изборите на 8-ми мај. Рокот е до полноќ. Со последните информации од ДИК, Миле Ристески.
Две лица се приведени под сомнение за помагање во врска со инцидентот кој се случи во Арачиново во кој настрадаа две лица, потврдуваат за јавниот сервис од МВР. Оттаму велат дека полицијата е на терен и постапува по налог на обвинителот, со цел да се расветли случајот.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре патува за Брисел каде ќе учествува на НАТО министерскиот состанокот.
Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75-годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.
Заради штрајкот на грчките цариници, товарниот сообраќај кон соседна Грција денеска беше целосно затворен на трите гранични премини, Евзони, Дојрани и Ники.
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против З.Ц.