Политичките партии и коалициите до денеска на полноќ треба да ги достават пратеничките листи за парламентарните избори. Во трката се пет коалиции. Кампањата за претседателските избори почнува в четврток и ќе трае до 22-ри април на полноќ.
-
Македонија 02.04.2024 08:14
-
Македонија 02.04.2024 08:12
Потпишување Кодекс за фер и демократски избори
Претседателските кандидати за претстојните избори денеска во просториите на Државната изборна комисија ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски изборен процес. Првиот круг од гласањето за иден шеф на државата е на 24-ти април и ќе биде неработен ден.
-
Македонија 02.04.2024 08:00
Без струја и вода дел од неколку општини во Скопје
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
-
Македонија 02.04.2024 07:41
Претпладне променливо облачно, преку денот сончево
Претпладне променливо облачно, во северозападните делови со услови за краткотраен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец.
-
Македонија 01.04.2024 21:07
Пукано од возило во движење, цел на нападот бил градоначалникот на Арачиново
Две лица се сериозно повредени во вооружена престрелка во Арачиново. Маж со автоматско оружје пукал директно кон групата во која бил градоначалникот, додека вршеле увид во градежни работи на главната улица.
-
Македонија 01.04.2024 19:45
Пендаровски на средба со Џилиан Стирк
Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР).
-
Македонија 01.04.2024 19:41
Шефицата на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во посета на Јавното обвинителство
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски оствари средба со Шефицата на Набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ/ОДИХР Џилиан Стирк.
-
Македонија 01.04.2024 18:40
Утре протестен маратон на ФИНКИ
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ утре со почеток од 11 часот, ќе одржи протестен маратон по повод Денот на ФИНКИ.
-
Македонија 01.04.2024 18:00
Промовирани листите за пратеници на Алијанса за Албанците на Таравари
Централно собрание на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на кое се утврдија листите на пратеници за претстојните парламентарни избори. Крилото на Таравари ќе настапи заедно со опозицискиот албански фронт „ВРЕДИ“.
Известува Зоран Димовски
-
Македонија 01.04.2024 17:55
Политичарите тврдат дека не лажат
Политичките партии се подготвуваат за изборите. Утре на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатски листи за пратеници до Државната изборна комисија. Финишира и процесот за промоција на носителите на листи на партиите за изборите кои ќе се одржат на 8-ми мај.










