Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 807 возачи.
-
Македонија 01.04.2024 10:58
-
Македонија 01.04.2024 10:33
Приведени дрвокрадци во Сирково
Вчера во 19.30 часот во атар на село Сирково, општина Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ.(58), Д.П.(60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ.(65) од Кавадарци.
-
Македонија 01.04.2024 10:23
„Денови на македонската литература“ на Филолошкиот факултет при УКИМ
Оваа недела, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе ја посвети на македонската литература. Во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура ќе се одржи годинешното издание на манифестацијата „Денови на македонската литература“.
-
Македонија 01.04.2024 10:21
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 01.04.2024 09:53
Пронајдена девојката што беше пријавена за исчезната
Вчера полицијата ја најде исчезнатата девојка Енкеледа Чела, 20 годишна студентка од Албанија во близина на хотелот „Белви“. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека е во добра здравствена состојба.
-
Македонија 01.04.2024 09:37
Активен шумски пожар од вчера попладне кај Демир Капија
Активен шумски пожар од вчера попладне има меѓу селата Барово, Бесвица и Вешје во општина Демир Капија. Од утринава на терен интервенираат осум пожарникари со две возила од територијалната противпожарна единица од Неготино заедно со вработени од јавното претпријатие „Национални шуми“.
-
Македонија 01.04.2024 09:37
Вицепремиерот Маричиќ на средба со граѓански организации
Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе одржи средба со граѓански организации.
Средбата насловена „Соработка и дијалог со граѓанското општество – состојби и перспективи“ ќе се одржи во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје.
-
Македонија 01.04.2024 08:59
До утре на полноќ треба да се достават пратеничките листи
Политичките партии и коалициите до утре на полноќ треба да ги достават пратеничките листи за парламентарните избори. Во трката се пет коалиции. Кампањата за претседателските избори пак почнува в четврток и ќе трае до 22 април на полноќ.
-
Македонија 01.04.2024 08:46
Денеска се одбележува Денот на шегата
На плоштадите во повеќе градови низ земјава денеска се организира маскенбал по повод први април – Денот на шегата. Децата изутринава од дома излегоа маскирани. Среќни лица во училишните дворови и во градинките. Организирани во групи ќе се движат низ населбите.
-
Македонија 01.04.2024 08:35
МВР: 181 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.










