Пукање во Арачиново ова попладне. Цел на нападот бил градоначалникот, велат првичните информации на МВР, но погодени се две други лица.
Известува Игор Панов
Пукање во Арачиново ова попладне. Цел на нападот бил градоначалникот, велат првичните информации на МВР, но погодени се две други лица.
Известува Игор Панов
Се одложи завршувањето на изградбата на автопатот Кичево-Охрид. 78 пратеници на итна седница се согласија за одложувањето. Ресорниот министер, Бочварски, тврди дека преостануваат уште 16 проценти од работите кои треба да се завршат. Новиот рок е до крајот на 2026-та година.
Измените во Изборниот законик изгласани во последен момент. Со нив се предвидува, во време на двојни избори, една жрепка во ДИК која ќе утврдува редослед и за претседателски и парламентарни избори.
Втор ден сонцето во Македонија е блокирано од облак со прашина, кој преку воздушно струење доаѓа од пустината Сахара.
Синоптичарите велат дека облакот во моментов е присутен низ целиот Балкански Полуостров, придружен со засилен ветер од југозападен правец.
ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против Е.Б., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службени дејствија“, казниво по член 382 од Кривичниот законик.
Пукање и напад со автоматско огнено оружје денеска попладне се случило во Арачиново, а најверојатно целта на нападот бил градоначалникот на оваа општина, Ридван Ибраими.
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков ќе биде на слобода од декември годинава.
Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски беше на терен на македонско-бугарската граница, при што оствари работна средба со раководствата на Регионалниот центар за гранични работи ИСТОК и Полициска станица за граничен п
Помошник министерот во МВР, дисциплински ќе одговара за хаосот со личните документи. Лошо го спровел процесот за нивна промена согласно со преспанскиот договор. Против него поткрената и почната дисциплинска постапка, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Македонскиот систем за рано предупредување за исчезнати лица „Најди ме“ беше активиран со случајот на Вања, подоцна уште за еден случај за возрасно исчезнато лице од околината на Прилеп.