Утре скопјани ќе останат без градски автобуси бидејќи вработените не ја добиле јануарската плата, соопшти попладнево претседателот на Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Миќо Стојановски.
-
Македонија 15.02.2024 19:23
-
Македонија 15.02.2024 18:46
Партиски комбинаторки за кандидати за претседател
Падна договор, Таравари да биде кандидат на албанската опозиција. Но сè уште се калкулира со имињата на фаворитите со кои на претстојните претседателски избори ќе настапат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Таравари официјално влегува во трката за фотељата на „Вила Водно“.
-
Македонија 15.02.2024 18:37
Средба на министерот Тошковски, заменик министерот Буши и дополнителниот заменик министер Бојмацалиев со амбасадорката Агелер
Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Заменик министерот Назим Буши и Дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Н.Е. Анџела Агелер.
-
Македонија 15.02.2024 17:46
Абдуш Демири избран за нов член на ДИК
Изборите распишани, Државната изборна комисија го дефинираше роковникот. Но нејзиното комплетирање во целосен состав ќе се договара в понеделник на координација. Абдуш Демири го мина комисискиот филтер. За да биде усвоена одлуката потребно е двотретинско мнозинство на пленарна седница.
-
Македонија 15.02.2024 15:58
Демири: Вакцинацијата е најголемото достигнување на здравствениот систем
Министерот за здравство д-р Илир Демири на новинарско прашање за состојбата со големата кашлица потенцираше дека вакцинацијата е најголемото достигнување на здравствениот системот.
-
Македонија 15.02.2024 15:42
Уставниот суд се брендира со лого по повод 60 години од постоењето
Уставниот суд денеска одбележува 60 години од постоењето. По тој повод Судот се брендира со лого кое е изработено за прв пат и во соработка со АД Пошти денеска е пуштена во употреба поштенска марка на која е претставено логото и стилизиран приказ на јубилејната година.
-
Македонија 15.02.2024 15:23
И покрај владината одлука сè уште се наплаќа за сообраќајните и возачките дозволи
И два дена по одлуката на Владата сообраќајните и возачките дозволи со новото уставно име да се издаваат бесплатно, на товар на МВР, во станиците за технички преглед за сообраќајна, сепак се наплаќа нешто повеќе од 1.000 денари. Граѓаните збунети, но и револтирани.
-
Македонија 15.02.2024 15:04
Партиите и коалициите ги објавуваат фаворитите за претседателските избори
Не беше заинтересиран за претседателската функција, па се премисли. Арбен Таравари сепак ѝ фрли око на „Вила Водно“. Со поддршката на Гаши, Касами и Меџити ќе биде кандидат за претседател на Европскиот сојуз за промени.
-
Македонија 15.02.2024 14:49
Во Прилеп налепници „НМК“ има, бесплатни се само во станиците за технички преглед
Налепници, сообраќајни, возачки. Со пари или бесплатно? Засега само едно се знае, бесплатни се само налепниците со ознаката „НМК“ во станиците за технички преглед што ги доставува МВР и ги има.
-
Македонија 15.02.2024 14:35
Џафери- Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија
Техничкиот премиер Талат Џафери, оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Нивес Тигањ.










