Зголемен е бројот на граѓани заболени од грип кои побарале лекарска помош. Од инфективното одделение во кумановската болница потврдуваат дека периодов бележат раст на заболени. Во дневната амбуланта кај нив поминуваат над педесет пациенти. Речиси ист толкав број се и хоспитализирани.
-
Македонија 27.01.2024 10:55
-
Македонија 27.01.2024 08:57
Променливо облачно со локален слаб дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег.
-
Македонија 27.01.2024 08:53
Сообраќајот во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Како што информираат од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Македонија 27.01.2024 08:46
До Собранието треба да биде доставен составот и програмата на техничката влада
Мандатарот на идната техничка влада, Талат Џафери денеска се очекува до Собранието да го достави составот и програмата на идната техничка влада. Пленарната седница за избор на преодната влада треба да се одржи утре.
-
Македонија 27.01.2024 08:30
Денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во Беко и МРТВ
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во „Беко“ и МРТВ во Скопје.
Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот.
-
Македонија 26.01.2024 20:14
„Талир 2“ се враќа на повторно судење пред првостепениот суд
Апелација денеска ја укина првостепената пресуда и предметот „Талир 2“ и го враќа на повторно судење пред првостепениот суд.
-
Македонија 26.01.2024 19:32
Апелација му го укина куќниот притвор Беким Незири
Апелација му го укина куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, кој беше во групата која упадна во Македонската навигација.
-
Македонија 26.01.2024 19:21
Утре променливо облачно време со слаб локален дожд
Во текот на утрешниот ден во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, а на планините и на некои повисоки места со услови за слаб снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец на моменти со брзина од над 60 километри на час.
-
Македонија 26.01.2024 18:10
Џафери го доби мандатот за состав на техничка влада
Претседателот Пендаровски го додели мандатот на Талат Џафери за составување на техничката влада. Ќе креирам соодветен состав на Владата со соодветни обврски, надлежности и одговорности кон граѓаните, рече Џафери кој во сабота ќе ја достави програмата за работа на неговата Влада.
-
Македонија 26.01.2024 17:04
Костадиновска-Стојчевска: За јазикот, културата и идентитетот нема компромиси
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница, на која беше изгласан новиот Закон за употребата на македонскиот јазик, порача дека чувајќи го македонскиот јазик, ја зацврстуваме државноста и темелот на нашиот идентитет.










