Под влијание на сува и студена воздушна маса од север денеска во Македонија преовладува сончево и студено време со мала локална облачност.
-
Македонија 22.01.2024 11:42
-
Македонија 22.01.2024 10:35
МВР: 343 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 343 возачи.
-
Македонија 22.01.2024 10:22
Состанок Западен Балкан - ЕУ
Во Скопје, состанок „Западен Балкан - ЕУ“. Домаќин е македонскиот премиер Ковачевски. Присуствува и американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. Известува Викторија Милевска.
-
Македонија 22.01.2024 10:19
Автобусите на ЈСП паркирани во базните станици
Автобусите на ЈСП се паркирани во базните станици. По скопските улици возеа до 9 часот. Синдикатот и вработените незадоволни поради неисплатената декемвриска плата, на протест пред Советот на Град Скопје, кој треба да одржи вонредна седница за одобрување субвенции од 11 милиони евра.
-
Македонија 22.01.2024 09:33
ЦУК: Вкупно 1.647 повици на бројот за итни случаи 112
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.647 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 37,95 отсто, а 62,05 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-
Македонија 22.01.2024 09:25
Состојбата на четиригодишното девојче од Струмица е стабилна
Четиригодишното девојче од Струмица кое пред неколку дена беше донесено во критична состојба во скопскиот Клинички центар е во стабилна состојба. Обвинителството истражува дали се работи за семејно насилство или пак за гризнувања од куче, како што првично изјавила мајката.
-
Македонија 22.01.2024 09:14
Привремен сообраќаен режим на делницата Велес-Градско
Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, денес и утре ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 09:00 – 16:00 часот, информираат од АМСМ. На патниот правец Тетово – П.
-
Македонија 22.01.2024 09:07
Презентација на извештаи за состојбите во психијатриските болници и казнено-поправните установи во земјава
Во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) денеска ќе се одржи завршен настан на проектот „Борба против тортурата и нехуман третман“ спроведуван од двете здруженија, а поддржан од Европската унија.
-
Македонија 22.01.2024 09:06
Основците и средношколците се вратија во училишните клупи
Основците и средношколците се вратија во училишните клупи. Почна второто полугодие. Прв пат годинава ќе имаат и пролетен распуст, од 29-ти април до 6-ти мај.
-
Македонија 22.01.2024 08:59
Министерот Алиу ќе потпише меморандуми за соработка со високообразовни установи
Министерството за информатичко општество и администрација денеска ќе потпише меморандуми за соработка со високообразовни институции.










