Во Судскиот совет пристигна пресудата од Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева.
-
Македонија 02.01.2024 11:22
-
Македонија 02.01.2024 11:18
Се вештачи одземената пиротехничка опрема од внукот на Ахмети, Обвинителството ќе одлучува за понатамошната постапка
Во тек е вештачењето на одземената пиротехничка опрема од Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети. Од Јавното обвинителство велат дека во зависност од утврдените факти, ќе се одлучи за натамошниот тек на постапката.
-
Македонија 02.01.2024 10:51
СДСМ: Нов пораст на платите и пензиите и во 2024
СДСМ го продолжува растот на платите и пензиите. Од месец март следува ново покачување на минималната плата, на 22.500 денари. Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата за 4 пати.
-
Македонија 02.01.2024 10:49
ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена никогаш не било полошо, 600.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија
365 дена порази, понижувања, беда и сиромаштија донесе владата на СДС и ДУИ за граѓаните на Македонија. 365 дена мизерија за народот. 365 дена скандали, криминал и корупација. 365 дена богатење и привилегии за функционерите на владата на СДС и ДУИ, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 02.01.2024 10:44
Водата во Скопје безбедна за пиење
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 02.01.2024 10:15
ЦУК: Над 1.600 повици за итни случаи на 112 во последното деноноќие
Во изминатото деноноќие, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 1.661 повици на единствениот број за итни случаи 112, по зголемениот број од 2.020 до 2.145 во празничните деноноќија.
-
Македонија 02.01.2024 09:25
Ќе се формира Комисија за случајот со новороденчето со скршеница на неговата рака
Директорката на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска, најави формирање посебна Комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот со новороденчето на семејството Дамјановски и ќе ги испита причините како дошло до скршеницата на неговата рака.
-
Македонија 02.01.2024 09:18
Ново поскапување на цигарите
Oд два до четири денари поскапуваат цигарите и разни други тутунски производи поради измените на законот за акцизите донесен во октомври годинава.
-
Македонија 02.01.2024 09:01
Се чека образложение за враќањето на Дамева на чело на Судскиот совет
Управниот суд треба да ја образложи одлуката со која ја прифати тужбата на Дамева и одлучи таа да се врати на чело на Судскиот советот. Судот ги анализирал сите записници од седниците, но не можел да најде објаснување зошто Судскиот совет и изгласал недоверба на Дамева.
-
Македонија 02.01.2024 08:41
Променливо облачно со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд.










