Oд два до четири денари поскапуваат цигарите и разни други тутунски производи поради измените на законот за акцизите донесен во октомври годинава.
-
Македонија 02.01.2024 09:18
-
Македонија 02.01.2024 09:01
Се чека образложение за враќањето на Дамева на чело на Судскиот совет
Управниот суд треба да ја образложи одлуката со која ја прифати тужбата на Дамева и одлучи таа да се врати на чело на Судскиот советот. Судот ги анализирал сите записници од седниците, но не можел да најде објаснување зошто Судскиот совет и изгласал недоверба на Дамева.
-
Македонија 02.01.2024 08:41
Променливо облачно со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд.
-
Македонија 01.01.2024 20:04
Приведен криумчар на мигранти
Денеска околу 17 часот на автопатот „Пријателство“, помеѓу Табановце и Куманово, полициски службеници од РЦГР Север-ПС за ГН Сопот го лишија од слобода И.Ѓ.(32) од гевгелиско, затоа што во патничко моторно возило „пежо“ превезувал три лица мигранти од Непал.
-
Македонија 01.01.2024 19:16
Битолските планинари по 13. пат ја продолжија традиционалната манифестација „Први на први“
Желбите на граѓаните за подобро утре запишани на платното, планинарите ноќеска ги понесоа на највисоката точка на Пелистер.
Велат доживувањата се прекрасни.
-
Македонија 01.01.2024 18:58
Министерот Меџити го посети првото родено бебе во 2024 година
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска утрово ја посетија Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде синоќа после полноќ, во 00:00 часот се роди првото бебе во 2024 година.
-
Македонија 01.01.2024 18:29
Мирна новогодишна ноќ, без сериозни инциденти
Генерално мирна, со помалку настани кои го нарушуваат мирот споредбено со претходните години, поминала новогодишната ноќ. Сепак, имало млади што завршиле предозирани на Токсикологија, но и повредени од остри орудија на Ургентен. Известува Анита Димитријевска-Велковска.
-
Македонија 01.01.2024 17:30
Африканката Ем Блажевска љубовта ја донесе од Кенија во Македонија
Ем Блажеска љубовта ја донесе од Кенија во Македонија. Од лани и официјално со документ Македонка. Точно 5 години е скопска снаа а круна на љубовта со сопругот Михајло е ќерката Дарија. Вешто готви македонски јадења, пее македонски песни, а најзаслужна вели за тоа е нејзината свекрва.
-
Македонија 01.01.2024 16:45
Нов кум на чело на новогодишното оро во Дебар Маало, традицијата продолжува
Го развиорија знамето, запеаја, го раширија орото и како и секогаш на први јануари си посакаа здравје и успех. Дебармалци во за нив центарот на светот Дебар Маало во култната „Идадија“. Се подели погачата, се дигна чашата со добра капка, се предаде кумството, па и искуството.
-
Македонија 01.01.2024 15:32
Бејби бум во Охрид, на првиот ден од Новата година се родија пет бебиња
Бејби бум во Охрид. На првиот ден од Новата година се слушна плачот на пет новороденчиња. Ова се случува за прв пат во поновата историја на градот, кој со години бележи намален наталитет.










