Доцна синоќа земјотрес ги вознемирил жителите на Тетово и Гостивар. Земјотресот бил со јачина од 3,4 степени и епицентар во Албанија.
Според европскиот сеизмолошки центар- ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 23 часот и 39 минути, по локално време.
Доцна синоќа земјотрес ги вознемирил жителите на Тетово и Гостивар. Земјотресот бил со јачина од 3,4 степени и епицентар во Албанија.
Според европскиот сеизмолошки центар- ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 23 часот и 39 минути, по локално време.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Почина нашиот поранешен колега Живко Коевски, роден 1929 година кој во МРТВ беше главен уредник на информативниот сектор. Работеше како новинар-публицист, известувач од Собранието.
Има освоено повеќе награди и признанија. Работниот век го завршил 1989 година.
Вчера полициски службеници од Македонска Каменица го лишиле од слобода Д.С.(57) од Македонска Каменица, затоа што, според пријавеното, со ловечка пушка му нанел прострелни рани на Д.Ј.(39) од Македонска Каменица, додека бил на лов со повеќе лица во с.Пресека, кочанско.
На 01.01.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 61 прекршоци, од кои 46 надвор од населено место и 15 во населено место.
При породување со царски рез, новороденче доби скршеница на раката. Од Клиниката за гинекологија објаснуваат дека при интервенцијата бебето било лошо поставено и овие компликации се познати во литературата, иако не се случуваат често.
Привршува санацијата на железничкиот мост на Црна Река, кај локалитетот Стоби. Изведувачот „Синтек инженеринг“ од Скопје ги изведе градежните работи и пред време, од рокот од 45 дена кој му бил даден, ги заврши градежните активности, кои започнаа на 29 ноември.
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 514 возачи.
Во петокот уште две пациентки со цистична фиброза го примија лекот „Трикафта“. Уште 55 пациенти чекаат за терапија, а од Министерството, велат дека во текот на оваа година етапно сите ќе ја добијат терапијата.
Граѓаните кои нема да успеат да ги променат личните документи, не ќе можат да се појават во правниот промет бидејќи согласно законот се ставаат вон правна сила. Омбудсманот се надева дека Министерството ќе успее да го обезбеди најголемиот дел од граѓаните со новите лични исправи.