Метрополата се гуши во смог. Дозволениот праг на концентрација на штетните честички неколкукратно е надминат. Аерозагадувањето им прави проблеми, особено на хронично болните. Лекарите препорачуваат без маска од дома да не се излегува.
-
Македонија 22.12.2023 14:58
-
Македонија 22.12.2023 14:38
По трет пат одново судски процес за родилката од Дебар
По трет пат, со нов судија и обвинител, во струшкиот суд, одново започна судскиот процес за родилката од Дебар, Јилдаз Веапоска на која во август во 2020 година при породување во струшката болница и беа извадени три органи, матка, бубрег и јајник.
-
Македонија 22.12.2023 14:36
Обдукциските наоди за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пристигнаа во Обвинителството
Основното јавно обвинителство информира дека пристигнале обдукциските наоди за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои беа пронајдени мртви на 3-ти декември во околината на Скопје и Велес.
-
Македонија 22.12.2023 14:16
Собранието не избра нов член на ДИК
Нема избор за нов член на ДИК во Собранието. Оправдувањето од спикерот Џафери е дека нема материјали. Наспроти него пратеникот Зендели од БЕСА кој инсистираше точката да биде ставена на дневен ред на новата седница.
-
Македонија 22.12.2023 14:10
Финансиската полиција в понеделник влегува во Град Скопје
Финансиската полиција во понеделник влегува во Град Скопје во врска со набавката за новогодишното украсување на главниот град. Градоначалничката Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години.
-
Македонија 22.12.2023 13:59
Наскоро повеќе од 10 лекови на позитивната листа, најави Меџити
За многу кратко време ќе имаме приближно над 10 лекови ставени на позитивната листа на лекови, најави во интервју министерот за здравство Фатмир Битиќи.
-
Македонија 22.12.2023 13:49
Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ во Злетово
Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице“ со претседателот, денеска беше во подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово.
-
Македонија 22.12.2023 13:38
Струмица бара начин да го прочисти воздухот
Качи се, симни се, прави Струмица на скалата на најзагадени градови во земјава. Кусо по донесувањата на мерки за заштита, истите беа укинати, откако ветрот помогна малку да се расчисти воздухот. Што прави локалната самоуправа за да им помогне на граѓаните? Ване Трајков известува од Струмица.
-
Македонија 22.12.2023 13:32
Грипот беснее, но не го достигнал пикот
За 50% е зголемен бројот на пациенти со грип од 11-ти до 17-ти декември во споредба со неделата претходно. Но, според податоците, лекарите од Институтот за јавно здравје заклучуваат дека не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.
-
Македонија 22.12.2023 13:21
Соња Симовска избрана за в.д. јавен обвинител
Девет или сите членови на Советот на јавни обвинители, гласаа Соња Симовска да биде вршител на должност по истекот на мандатот на Љубомир Јовевски. Симовска ќе ја извршува должноста сè до изборот на иден обвинител.










