Наместо да го поттикнува домашното производство, власта дозволи увоз на ориз со што се намали откупната цена. Ова е последен удар откако ја завршивме жетвата со намален принос и послаб квалитет од лани, реагираат оризопроизводителите од Облешево.
-
Македонија 17.12.2023 12:31
-
Македонија 17.12.2023 11:32
Затворот во Куманово доби детско катче и пекарница
Детско катче и пекарница доби затворот во Куманово. Проектите се донација од Европската унија и Советот на Европа за подобрување на услови во казнено-поправните установи во државата. Станува збор за трето детско катче за дечињата чии родители отслужуваат казна затвор.
-
Македонија 17.12.2023 11:18
Приведен радовишанец за одземање возило
На 16.12.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во периодот од 19.30 до 21.30 часот во Радовиш одзел патничко возило „форд фокус“ сопственост на Т.Д.(34) од Битола, со живеалиште во Радовиш.
-
Македонија 17.12.2023 10:42
Приведен крадец во Велес, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот
На 16.12.2023 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Ј.(39) од Велес.
Тој се сомничи дека околу 20.00 часот извршил кражба во продажен објект при што одзел повеќе предмети.
-
Македонија 17.12.2023 09:38
МВР: 127 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 17.12.2023 09:33
Над 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови во Македонија
Над 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација и се поделени над 7.500 информативни материјали, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врат
-
Македонија 17.12.2023 09:06
Во Битола презентација на хеликоптер со опрема за итна медицинска помош
На хелиодромот на Општата болница Битола денеска ќе биде презентиран хеликоптер со нова опрема за итна медицинска помош.
-
Македонија 17.12.2023 09:04
Саниран дефектот кој остави без вода поголем дел од централното подрачје во Скопје
Саниран е големиот дефект на Кеј „Димитар Влахов“ во непосредна близина на Младинскиот културен центар, кој од вчера претпладне остави без вода поголем дел од централното градско подрачје.
-
Македонија 17.12.2023 08:30
Сончево но студено време, со умерен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од-7 до 2, а максималната од-1 до 8 степени.
-
Македонија 16.12.2023 18:53
Костадиновска-Стојчевска го разреши в.д. директорот на скопскиот Конзерваторски центар
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска го разреши в. д. директор на Конзерваторски центар Скопје Константин Димитровски.










