Во училиштето „Страшо Пинџур“ во Карбинци утрово имало обид за грабнување на две деца од шесто и деветто одделение.
-
Македонија 05.12.2023 13:31
-
Македонија 05.12.2023 13:17
Расветлување на двојното убиство, се чекаат наодите
Македонија тагува по Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обдукцијата е завршена, телата се предадени на семејствата. Се чекаат наодите, по што полицијата ќе поднесе кривична пријава против осомничените. Таткото на Вања е во притвор, по Љупчо Палевски е распишана меѓународна потерница.
-
Македонија 05.12.2023 13:05
Приведено лице од кумановско при обид за илегален влез во државата
На 04.12.2023 во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.М.(44) од с. Черкези, кумановско.
-
Македонија 05.12.2023 12:36
Да продолжи психолошката поддршка за младите, апелираат психолозите
Родителите да бидат модел на однесување за справување со кризни и стресни ситуации на своите деца, апелираат психолозите. Велат, потребни се интензивни кампањи за освестување, по вакви трауматски ситуации, за да се заштити менталното здравје на младите.
-
Македонија 05.12.2023 12:27
Тренчевска: Да зборуваме секој ден за насилството, заедно да зајакнуваме и поттикнуваме
Во организација на канцеларијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија беше организирана Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против родово базираното насилство врз жени и девојки во Република Северна Македонија“.
-
Македонија 05.12.2023 12:03
Предметот за двојното убиство е сложен, за вакви дела е предвидена најстрога казна, вели Туфегџиќ
Очигледно е дека се работи за убиство во кое секој од осомничените имал своја улога во грозоморниот настан и дека тоа било направено со умисла, за што е предвидена казна затвор од најмалку 10 години до доживотна, вели адвокатот Туфегџиќ.
-
Македонија 05.12.2023 11:57
Власта и опозицијата со различни погледи за случајот со двојното убиство
Власта и опозицијата со различни погледи за начинот како надлежните институции го водеа случајот за двојното убиство. Според СДСМ, МВР и Јавното обвинителство покажале професионалност и навреме презеле соодветни и интензивни активности за пронаоѓање на сторителите на грозоморното злосторство.
-
Македонија 05.12.2023 11:26
МОН: Длабоко сочувство за загубата на Вања, ОУ „Песталоци“ ќе продолжи со психолошка поддршка за учениците
Министерството за образование и наука изразува длабоко сочувство до семејството и блиските на трагично починатата Вања.
-
Македонија 05.12.2023 10:13
Избори на 8-ми мај, нова Влада до крајот на јуни 2024-та
Лидерите на парламентарните политички партии на средба во Собранието се договорија првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24-ти април, а вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да бидат на 8-ми мај.
-
Македонија 05.12.2023 10:00
ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДС да се фали со разрешница на случај со двајца убиени, а главниот сторител е во бегство
СДС го допре дното, се фалат со трагичен случај чиј епилог е двајца убиени, а главниот осомничен егзекутор им е во бегство, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.









