Наместо целосна примена на Законот за пушење, мерките ќе се воведуваат етапно, со цел да се избегнат економски последици и проблеми со спроведување на терен. Владата се повлекува од првичниот план закон да стапи на сила на 1 март, поради бројните забелешки од засегнатите страни.
-
Македонија 15.02.2026 19:01
-
Македонија 15.02.2026 18:33
Девојчињата најпогодени од сајбер-насилство
Сајбер-насилството зема замав, најпогодени се девојчињата, кои секојдневно се изложени на онлајн вознемирување и дигитални закани.
-
Македонија 15.02.2026 18:10
СДСМ обвинува за сомнителни тендери, власта вели популизам
74 тендери вредни 17,6 милиони евра за само две години добила скопска фирма, во 2024 и 2025 биле склучени 59 договори, најголем дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ, тврдат социјалдемократите. Велат зад грбот на народот, едни исти фирми добиваат милионски тендери со милионски суми.
-
Македонија 15.02.2026 17:04
Обилни врнежи, поплави и евакуирани жители
Околу 200 луѓе евакуирани во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево. Десетци куќи и возила се под вода по вчерашните обилни врнежи од дожд кои предизвикаа излевање на Зајаска река. прогласена е кризна состојба.
-
Македонија 15.02.2026 16:47
Опаѓа интересот за вакцинација кај дечињата
Опаѓа интересот за имунизација на дечињата. Од здравствениот дом во Куманово информираат дека и покрај мерките за кревање на свеста на родителите и едукација, процентот на вакцинација останува на ниско ниво. Најнизок, 40 отсто е опфатот за вакцината против морбили.
-
Македонија 15.02.2026 15:11
Намален број на кривични дела за незаконски риболов
Откако Охридското Езеро е издадено под концесија незаконитиот риболов бележи намалување, но сепак дел од рибокрадците го прекршуваат законот и покрај високите казни.
-
Македонија 15.02.2026 14:25
Евакуации и поплавени домови по поројните дождови, службите на терен
Обилните врнежи од дожд што во текот на ноќта и претпладнето ја зафатија земјата предизвикаа поплави и излевање на повеќе реки. Најсериозна е состојбата во Кичево, каде што се евакуирани околу 180 лица, соопшти Центар за управување со кризи.
-
Македонија 15.02.2026 14:03
Прилепчни го чекаат продолжување на Законот за легализација
Околу 1.000 предмети во Прилеп чекаат на продолжување на законот за легализација за да бидат решени.
-
Македонија 15.02.2026 13:21
Минхенската конференција заврши со силни пораки за силна Европа
Заврши Минхенската безбедносна конференција по два дена исполнети со обраќања и состаноци.
САД испрати смирувачка порака – судбините ни се „испреплетени“ и западот мора да дејствува заеднички.
-
Македонија 15.02.2026 12:42
Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ функционира без возило за транспорт на пациенти
Речиси еден месец Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ функционира без возило за транспорт на пациенти. Единственото возило што ги превезува болните од една на друга клиника е на сервис поради дефект на моторот. Старо е 15 години, а деловите за поправка се чекаат од странство.










