Во североисточните делови од земјава претпладне ќе провејува слаб снег, а во текот на денот во земјата ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец, над 70 километри на час.
-
Македонија 26.11.2023 08:34
-
Македонија 26.11.2023 08:32
Полициски службеници спасија тригодишно дете и тројца возрасни кои беа заглавени на жичарата на Водно
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување вечера вечер спасија четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени на жичарата на Водно, поради лошите времен
-
Македонија 25.11.2023 17:24
Целосно затворен за сообраќај патот Гостивар-Стража
Од 16:15 часот целосно затворен за сообраќај е патниот правец Гостивар-Стража, соопшти АМСМ.
Поради временските услови од 16:35 часот на патниот правец Градско-Прилеп, кај превојот „Плетвар“ и обратно, има забрана за движење на тешки товарни возила.
-
Македонија 25.11.2023 16:48
Обвинителство: Побарани мерки на претпазливост за скопјанката осомничена за лажно пријавување кривично дело
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишна жена осомничена за лажно пријавување кривично дело.
-
Македонија 25.11.2023 16:06
Нема промена на моделот, ќе има пржинска влада
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е подготвена веднаш да се откаже од техничка Владата, доколку Интегративците се откажат од технички премиер. Од партијата велат дека е недозволиво, шеф на Владата да доаѓа од партијата којашто според нив, е синоним за криминал.
-
Македонија 25.11.2023 15:58
Во Собранието и денеска интервјуа со кандидатите за членови на ДКСК
Капацитетите на судовите и обвинителствата да се зајакнат со стручен кадар за да може системот да функционира, вели Весна Младеновска, од Заводот за ревизија која е една од 42 кандидати кои претендираат да бидат дел од новиот состав на антикорупциската комисија.
-
Македонија 25.11.2023 15:49
Лажна е пријавата за исчезнато дете на скопските клиники
Лажна е пријавата од жената за исчезнато дете на скопските клиники. Министерството за внатрешни работи и Обвинителството го расчистија случајот. Направените се проверки на гинекологија, детската клиника, но и кај матичниот лекар на жената која пријавила.
-
Македонија 25.11.2023 15:28
Евакуација во „Ист гејт мол“ поради опожарен автомобил
Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ денеска беше евакуиран, откако претходно се вклучиле противпожарните аларми.
Станува збор за запалено возило „рено лагуна“ во подземниот паркинг на трговскиот центар. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето.
-
Македонија 25.11.2023 15:01
Достојни услови за образование на децата, бараат жителите на Непроштено
Лимени објекти со дотраена инсталација, каде не можат да се вклучат повеќе грејни тела за затоплување, тоалети во катастрофална состојба, покрив кој повремено прокиснува. Во вакви услови повеќе од две децении се следи наставата на македонски јазик во тетовско Непроштено.
-
Македонија 25.11.2023 14:52
Зголемен интерес за имунизација против грип
Над 1.900 лица во Кочани и околу 1.700 во Штип примиле вакцина против грип. Во помалите општини бројот се движи од 320 во Пробиштип до 1.000 вакцинирани во Делчево и Македонска Каменица.










