Денеска околу 13.20 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на ул.„Бутелска“ во Скопје го лишија од слобода Е.К.(22) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор од две години, а во врска со член 236 од КЗ.
-
Македонија 01.11.2023 15:08
-
Македонија 01.11.2023 15:03
Идната година редовни избори, дециден премиерот Ковачевски
Идната година редовни избори, Собранието ќе го утврди тајмингот – дециден премиерот Ковачевски. Додава дека законските рокови мора да се испочитуваат имајќи ги предвид верските празници Велигден и Бајрам напролет и техничката влада, обврска да се формира 100 дена пред избори.
-
Македонија 01.11.2023 14:33
Распитот за случајот „Онкологија“ продолжува
Пациенти кои се лекуваат на Клиниката за онкологија бараат итно расчистување на случајот, и политиката да ги тргне рацете од скандалот. Пред членовите на Анкетната комисија посочија дека довербата во здравствениот систем е нарушена, и тоа дополнително влијае врз нивното здравје.
-
Македонија 01.11.2023 14:23
Грковска во посета на грчката Национална школа за јавна администрација
Во рамки на работната посета на Атина, Република Грција, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работен состанок со заменик-претседателот на Националната школа за јавна администрација на Грција, Василис Егзархос.
-
Македонија 01.11.2023 13:39
Министерството за правда формира работна група за реформа на Судскиот совет
Министерството за правда ја известува јавноста дека во текот на идната недела ќе биде формирана работна група која ќе има за цел да работи на реформа на Судскиот Совет.
-
Македонија 01.11.2023 13:36
МНР ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах
Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Северна Македонија.
-
Македонија 01.11.2023 13:33
Во вила „Водно“ седница на Советот за безбедност
Во вила „Водно“ во тек е седницата на Советот за безбедност што ја закажа претседателот Стево Пендаровски. На дневен ред – безбедносната состојба во државата и евроатлантскиот регион.Известува Марина Стојанова Тонева -
Македонија 01.11.2023 12:46
Османи на форум за Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес се обрати на Форумот за Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, организиран од страна на Македонско Американската Алумни асоцијација.
-
Македонија 01.11.2023 12:41
Поранешната министерка Јанкуловска од денеска на слобода
По поминати 3 години и 1 месец поминати во затвор, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска излегува на слобода. Нејзиното излегување од затворот „Идризово“ е со условен отпуст, по одлука донесена од скопска Апелација.
-
Македонија 01.11.2023 12:26
Прилеп: Хуманитарност за пациентите со цистична фиброза
Околу 140 пациенти со цистична фиброза, од нив двајца од Прилеп сè уште чекаат системско решавање на проблемите особено со терапијата. Само 12 пациенти ја примаат и алармантноста одамна е надмината.










