Билјана Ивановска е разрешена од функцијата прв човек на кумановската општа болница. На местото на Ивановска која стапи на функција пред само еден месец, сега е поставен единствениот уролог Фати Џемаили.
-
Македонија 19.10.2023 18:41
-
Македонија 19.10.2023 18:24
Се заканува епидемија на морбили поради нискиот опфат на имунизација
Само седумдесет проценти од децата лани биле вакцинирани против морбили – со ваков недоволен опфат на имунизација повторно ни се заканува епидемија, алармираат здравствените власти. Кај родителите сè уште постои страв од оваа вакцина, бидејќи се поврзува со аутизам.
-
Македонија 19.10.2023 17:50
Џолев: Причината за застарување на предметите не е во судот
Да не се вперува прстот во судството за застарување на предметите. Причината не е во судот, вели претседателот на скопскиот Кривичен суд Иван Џолев. Тој посочи дека судењата по предметите од СЈО почнале во јануари 2018-та и затоа не може да се каже дека траеле 8 години, 18 биле завршени.
-
Македонија 19.10.2023 15:05
Претседателските и парламентарните избори ќе бидат одвоени и во редовен термин, дециден Ковачевски
Нема разговори за преклопување на датуми, ниту за конкретни термини. Претседателските и парламентарните избори ќе бидат одвоени и во редовен термин, за што конечно сите политички партии се сложија, дециден премиерот Ковачевски.
-
Македонија 19.10.2023 14:49
Вработените во обвинителствата од утре ништо нема да работат, бараат зголемување на платите
Вработените во јавните обвинителства од цела Македонија денеска протестираа. Тие се собраа пред Сојузот на синдикати и се упатија кон Владата. Во јавните обвинителства во државава има 390 вработени.
-
Македонија 19.10.2023 14:36
МОН: Одбележуваме 10 години од воспоставувањето на Националната рамка на квалификации
Експерти, професионалци, креатори на политики и партнери од различни земји и институции ќе говорат за извонредните чекори во воспоставувањето на системот со кој се уредува стекнувањето и користењето на квалификациите во нашата држава, систем што овозможува нивна прегледност, пристапност и проодно
-
Македонија 19.10.2023 14:33
Маричиќ: 2030 како план и шанса за членство во ЕУ, мотив и движечка сила за брзи реформи и промени
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на дијалогот за политиката на високи ниво на Школото за транснационално владеење (ЕУИ), на тема: „Отворената стратешка автономија на ЕУ и Западен Балкан“, покана на Европскиот институт од Фиренца.
-
Македонија 19.10.2023 13:38
Грковска: Не смееме да дозволиме европската ориентација на нашето општество да се претвори во дезориентација со ризични импликации
„Напредокот кон ЕУ несомнено значи подобри услови за живот и повеќе можности за развој за сите наши граѓани. Носи нови и посветли перспективи за народите кои изминативе децении преживеаја многу турбулентни времиња и кризи.
-
Македонија 19.10.2023 12:44
Денес во Брисел завршува билатералниот скрининг за Поглавје 11
Денес во Брисел завршува тридневниот билатерален скрининг за Поглавје 11: Земјоделство и рурален развој, дел од Кластер 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија.
-
Македонија 19.10.2023 12:33
Тренчевска: Преку силно застапување за подобар пристап до информации до поголема родова еднаквост и телесна автономија
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата на Република Северна Македонија во Женева, денес се обрати на Регионалната конференција „Население и развој: Гарантирање на права и изборот“ во организација на UNECE/UNFPA.










