Над 1.000 сопственици на викендички се соочуваат со овој руиниран пат во викенд населбата Попова Шапка.
На места нема ниту асфалт, коловозот е како офф-роуд делница.
Над 1.000 сопственици на викендички се соочуваат со овој руиниран пат во викенд населбата Попова Шапка.
На места нема ниту асфалт, коловозот е како офф-роуд делница.
За време на утрешниот празник, по повод 11 октомври, по повод Денот на народното востание над фашизмот, јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.
Инженерите се движечката сила во секоја држава, тие придонесуваат за благосостојбата и напредокот на општествата.
На 09.10.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир извршиле службен разговор со А.А.(30) од Скопје. Тој се сомничи дека на 08.10.2023 со закана со нож кон вработен на бензинска пумпа во Скопје одзел пари.
Министерот за внатрешни работи Спасовски и екс министерот за здравство Сали реферираат пред народните избраници. Тој веќе даде од своите ставови. Се чека и излагањето на Спасовски, а тој најави дека веќе Обвинителството има определени лица кои ќе излезат пред правдата.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството се сретна со заменикот-министер за надворешни работи на Украина, Евген Перебинис кој престојува во посета на нашата земја.
Во Врховниот суд доставена иницијатива за утврдување на начелен став и правно мислење за повеќе прашања поврзани со кривичната постапка, меѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Иницијативата е поднесена од адвокатот Миле Наумовски.
Без ментална благосостојба нема правилен развој на индивидуата и ефективност во секојдневните обврски.
Околу пет килограми сребрен накит и бижутерија се запленети од страна на царински службеници на Меѓународниот Аеродром Скопје откако странски државјани, Британец и Турчин, не го пријавиле накитот со што направиле прекршок на царинските регулативи, известуваат од Царинската управа.
На 09.10.2023 во 18.50 часот во атар на с.Возарци, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Ј.Т.(60) од Кавадарци. На место викано „Шамаците“ во атар на с.Возарци, таа била затекната при извршување кражба на имот на правно лице од Кавадарци.