Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Република Словенија по повод учеството на Бледскиот стратешки форум, оствари средби со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Северна Македонија во градот Копер.
-
Македонија 27.08.2023 13:52
-
Македонија 27.08.2023 13:02
Повторно се разгоре пожарот кај Ајватовци
Пожарот кај Ајватовци повторно активен. Гори на два крака. За гаснење од воздух активирани два хеликоптери на МВР. Во гаснење вклучени пожарникари од скопската бригада и мештаните.
-
Македонија 27.08.2023 12:24
На повидок еколошка катастрофа во Полошкиот регион
Полошките општини кои носат смет во депонијата Русино не ги подмируваат целосно обврските кон Јавното претпријатие Русино Полог, кое пак со празна каса не може да ја плати фирмата оператор, која ја одржува депонијата, за на крај да остане и со блокирана сметка.
-
Македонија 27.08.2023 11:24
СВР Штип за четири месеци казни 136 мотоциклисти
Бучавата од мотоциклистите во ноќните часови во Штип е честа тема на социјалните мрежи, а голем е и бројот на пријави во Секторот за внатрешни работи. Оттаму велат дека постапуваат по секоја пријава и ги санкционираат прекршителите.
-
Македонија 27.08.2023 10:47
Охрид испишува уште една успешна туристичка сезона
На крајот на месец август Охрид сè уште исполнет со туристи. Главниот туристички центар испишува уште една успешна туристичка сезона.
-
Македонија 27.08.2023 10:22
Ковачевски ќе учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија
Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум, кој годинава е на тема „Солидарност за глобална безбедност“.
-
Македонија 27.08.2023 09:10
Сончево и многу топло, попладне можност за дожд
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, попладне во југоисточните делови со услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 32 до 38 степени Целзиусови.
-
Македонија 27.08.2023 09:04
МВР: 239 санкционирани возачи во Скопје, 113 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 26.08.2023 19:43
Хеликоптер на МВР исфрли над 60 тони вода, извлечени пет пожарникари кои беа обиколени од огнот во Чешиново-Облешево
Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар на територија на општина Чешиново-Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрли над 60 тони вода.
-
Македонија 26.08.2023 18:44
Албански државјанин осомничен за напад врз полициски службеници на ГП „Блаце“
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен државјанин на Република Албанија, осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.









