На 27.08.2023 во 17.50 часот во Куманово на место викано „Света Мина“ од полициски службеници од Мобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од с. Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти.
-
Македонија 28.08.2023 13:22
-
Македонија 28.08.2023 13:18
Хуман чин за дарување на драгоцената течност
Дарувањето крв спасува три животи, на нечие срце му е потребна нашата драгоцена течност.
-
Македонија 28.08.2023 13:02
Православните христијани денеска го слават Успението на Пресвета Богородица
Православните христијани го чествуваат, Успението на Пресвета Богородица еден од најголемите христијански празници, мајката на спасителот Исус Христос. Мајката божја има значајно место во Македонската Православна Црква, означувајќи го вековното место во животот на верниците.
-
Македонија 28.08.2023 12:17
Помалку првачиња во новата учебна година
Петте средни и десетте основни прилепски училишта се подготвени, ама наставниците и учениците ќе се снаоѓаат како знаат и умеат без сите учебници.
-
Македонија 28.08.2023 12:11
Денеска се празнува Денот на рударите
Денеска 28-ми август, се празнува и Денот на рударите во Македонија. Празникот е во спомен на штрајкот на рударите од рудникот Лојане, кумановско во 1929 година за подобрување на работните услови и зголемување на личните доходи.
-
Македонија 28.08.2023 11:52
Охридските училишта подготвени за стартот на учебната година
Охридските училишта подготвени за стартот на учебната година. Привршуваат градежните активности во дел од школите за подобрување на условите во образовниот процес.
-
Македонија 28.08.2023 09:37
Честитка од Пендаровски по повод Успение на Пресвета Богородица
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима Г.Г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
-
Македонија 28.08.2023 08:57
Ќе се санира јаловишната депонија и на неа ќе се постави фотоволтаична централа
Пробиштип е рударски град. Рудникот за олово и цинк „Злетово“, односно „Булмак“ е носечки столб на економијата во општината каде над 400 семејства егзистираат од рударството.
-
Македонија 28.08.2023 08:31
Крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица
Во Домот на АРМ денеска од 9 до 17 часот ќе се одржи традиционалната 21. крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати.
-
Македонија 28.08.2023 08:27
Сончево и многу топло со температура до 38 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.










