Попладнево изби голем пожар во општина Лозово. Зафатена е зимзелена шума во месноста Кишински рид. Станува збор за тешко пристапен терен.
Поради опасноста да биде предизвикана голема штета, донесена е одлука да интервенираат трите ер-трактори и два полициски хеликоптери.










