На 33-тото Генерално собрание на Светскиот македонски конгрес побарано е безусловно раскинување на договорите со Бугарија и со Грција и резолуција против впишувањето на Бугарите во Уставот.
-
Македонија 12.08.2023 12:58
-
Македонија 12.08.2023 12:04
Приведен криумчар од Србија, пронајдени осум мигранти од Сирија
Денеска во 07.40 часот на бул. „Гевгелија“, поточно на излезот од Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода К.В.(22) од Лесковац, Р. Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.
-
Македонија 12.08.2023 11:13
Швајцарската општина Фриборг донираше возила и опрема за Босилово
На иницијатива на иселениците кои живеат во Швајцарија, тамошната општина Фриборг донираше возила и опрема на Општина Босилово во вредност од околу 80 илјади швајцарски франци.
-
Македонија 12.08.2023 10:47
Османи: Казахстан до крајот на 2023 година ќе ја отвори најавената Амбасада во Скопје
Казахстан до крајот на 2023 година ќе ја отвори најавената Амбасада во Скопје. Ова беше потврдено на разговорите што Министерот за надворешни работи, Бујар Осмни ги имаше со претседателот на Казахстан, Касум-Јомарт Токајев и министерот за надворешни работи, Мурат Нуртлеу, во Астана.
-
Македонија 12.08.2023 09:54
Протест на битолските пензионери, бараат минималната пензија да изнесува 18 илјади денари
Со македонската химна и под мотото „Пензионерите заслужуваат пристоен живот“ на плоштадот „Магнолија“ протестот за поголема пензија го почнаа стотици луѓе од третото доба од Битола, Могила и од Новаци.
-
Македонија 12.08.2023 09:27
МВР: 174 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 12.08.2023 09:00
Во Куманово за 30 проценти зголемени количините на смет
Печалбарите го блокираа Куманово. Зголемен е сообраќајниот метеж, се чека по неколку минути за да се замине до предвидената дестинација во централното подрачје. Потешко се наоѓа слободно паркинг место, а комуналното претпријатие тешко се справуваа со зголемената количина на смет.
-
Македонија 12.08.2023 08:34
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Во јужните делови локално со зголемена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени.
-
Македонија 11.08.2023 19:43
МЗ: Наследените проблеми од претходното раководство се трудиме итно да ги надминеме
Министерството за здравство во целост ги разбира Здруженијата на дијабетичари со кои е во постојан контакт.
-
Македонија 11.08.2023 19:00
На „Табановце“ за излез од државава се чека околу половина час
На граничниот премин „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.










