Половина од фондот на книгите со кои располага нашата установа ќе треба да ги складираме во пакети и чуваме во подруми, ако се спроведе одлуката да се преместиме во училниците, реагира библиотекарот Махи Муртезани.
-
Македонија 10.08.2023 12:30
-
Македонија 10.08.2023 12:16
Струмичките пензионери повторно протестираа против процентуалното зголемување на пензиите
Струмичките пензионери по третпат излегоа на протест овој пат пред општинската зграда за да го пренесат барањето дека не се согласуваат со зголемување на пензиите за 6% во септември. Тврдат дека лицата со ниски пензии ќе бидат најоштетени наспроти пензионерите чии пензии се високи.
-
Македонија 10.08.2023 12:03
42 санкционирани мотоциклисти на подрачјето на СВР Охрид
Вчера во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници констатирале и санкционирале 42 прекршоци што ги направиле мотоциклисти (Охрид-17, Струга-15, Кичево-05, Дебар-05).
-
Македонија 10.08.2023 11:54
Спречен обид за нелегален влез на лице од Јужноафриканска Република откако мајка се обидела да ја пренесе ќерка си во багажник
Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички.
-
Македонија 10.08.2023 10:53
Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведен дилер
На 09.08.2023 во 19.20 часот на улица „114“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(34) од Тетово. При претрес во простории кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 30 пакувања со марихуана.
-
Македонија 10.08.2023 10:47
ЕК со позитивни оцени во скрининг Извештајот за новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители
Европската комисија со позитивни оцени во скрининг Извештајот за новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители кој неодамна беше усвоен во Собранието.
Ова е големо признание од меѓународната заедница која го мониторира напредокот на Република Северна Македонија.
-
Македонија 10.08.2023 10:25
Казнети 217 возачи за брзо возење на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 217 возачи.
-
Македонија 10.08.2023 10:17
Двајца загинати и тројца тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман
Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Итната медицинска помош веднаш излегла местото на несреќата. Смртта кај двете лица била констатирана лице место.
-
Македонија 10.08.2023 10:09
Царинска управа почна кампања за сузбивање на корупцијата
Царинската управа започнува кампања за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата со цел граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност тоа да го пријават.
-
Македонија 10.08.2023 09:52
Санкционирани 22 мотоциклисти на подрачјето на СВР Куманово
Во текот на вчерашниот ден спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 22 возачи.










