Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од судијата Добрила Кацарска и советникот на Судот Мартин Трајановски, учествуваше на меѓународната конференција „За Уставот, државата и демократијата“, која се одржа од 1 до 4 октомври во Тиват, Црна Гора.
-
Македонија 06.10.2026 10:48
-
Македонија 06.10.2026 10:46
Засилени сообраќајни контроли за користење мобилни телефони во рамки на кампањата „Focus on the Road“
Од 5 до 11 октомври Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописното користење мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.
-
Македонија 06.10.2026 10:22
Министерката Јаневска ќе се обрати на 77-годишнината од основање на Градежниот факултет
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе се обрати на свеченото одбележување на 77-годишнината од основањето на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
-
Македонија 06.10.2026 09:49
Светски ден на церебралната парализа
6-ти октомври се одбележува како Светскиот ден на церебралната парализа, на лицата со оваа состојба не им треба сожалување, туку права, поддршка и пристапност. Во Македонија, според Пописот од 2021 година, живеат 94.412 лица со попреченост.
-
Македонија 06.10.2026 09:06
ЦУК: 46 пожари на отворен простор, седум се активни
Центарот за управување со кризи информира дека до 7:30 часот се евидентирани вкупно 46 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, а еден пожар е ставен под контрола.
-
Македонија 06.10.2026 08:25
Делегација од Конгресот на локални власти на Советот на Европа во посета на Собранието
Делегација на Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа денеска ќе престојува во посета на Собранието на Северна Македонија.
-
Македонија 06.10.2026 08:22
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 06.10.2026 08:14
Муцунски и Петрова в четврток на средба во Софија
Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, в четврток ќе одржат билатерална средба во Софија, на маргините на меѓународната министерска конференција посветена на Коридорот 8.
-
Македонија 06.10.2026 08:08
Утрото ведро и студено, во текот на денот сончево
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.
-
Македонија 05.10.2026 20:06
Зголемен број пациенти кај матичните, сезоната на грип сè уште не започнала
Зголемена е фреквенцијата на пациенти во ординациите на матичните лекари, но далеку е од онаа што престои во сезоната на грип, вели матичната докторка Симона Крстеска. Доколку потрае топлото време, грипот ќе дојде подоцна.









