-
Македонија 06.07.2026 13:34
Расправа за Законот за македонски јазик
Институциите имаат обврска да го почитуваат Законот за употреба на македонскиот јазик, а неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Во Собранието надзорна расправа за нефункционална и недоследна примена на законските одредби. -
Македонија 06.07.2026 13:33
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Со изведување на материјални докази од Обвинителството во судницата во Идризово продолжи судењето за кочанската трагедија. Се презентираат листинзи од телефонската комуникација.
Како тече судскиот процес, известува Ана Јосифоска.
-
Македонија 06.07.2026 13:25
Се бара договор за Изборниот законик
Собранискиот спикер Гаши се согласува да има електронско гласање на избори, ако се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ставот го соопшти на неделниот брифинг со новинарите.
-
Македонија 06.07.2026 10:17
Седница на Комисијата за култура и туризам
Собраниската Комисија за култура и туризам денеска ќе одржи надзорна расправа посветена на примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со акцент на проблемите во неговото спроведување.
-
Македонија 06.07.2026 08:36
Во последното деноноќие регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои според Центарот за управување со кризи еден активен, еден е под контрола, а останатите се изгаснати.
-
Македонија 06.07.2026 08:26
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Денеска ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Обвинителството продолжува со изведување на доказите.
-
Македонија 06.07.2026 08:13
Сончево време со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
-
Македонија 06.07.2026 08:02
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози
На 06.07.2026 година, ќе се започне со времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
-
Македонија 05.07.2026 18:32
Прилеп со мерки против пожарите
Ниту собирачите на шумски плодови, вработените во рударството, ниту пак туроператорите без дозвола не смеат да се движат во шума. А палењето стрништа и трева не доаѓа предвид. Следуваат ригорозни казни.
-
Македонија 05.07.2026 17:39
Голем пожар во Кисела Вода – густ чад и пукотници од магацински објект
Голем пожар избувна во магацински објект на Јужен булевар во скопската општина Кисела Вода, во близина на Пазарниот инспекторат и Рампа.










