Денеска, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Инспекторатот за животот средина, извршија контрола во четири отпади со секундарни суровини на подрачјето на ЕВР Чаир.
-
Македонија 16.06.2023 18:05
-
Македонија 16.06.2023 17:31
Тренчевска: Република Северна Македонија е пример за земјите во регионот во однос на борбата со трговија со луѓе
Меѓународната организација за миграција е водечка меѓународна организација во областа на миграцијата и е посветена на принципот дека хуманата и уредна миграција е од корист за мигрантите и општеството.
-
Македонија 16.06.2023 16:17
Делницата Подмоље-Охрид ќе биде завршена до 10-ти јули
Градежните работи на автопатот Охрид-Кичево на потегот од Подмоље до Охрид ќе бидат завршени до 10-ти јули, а се врши притисок тоа да биде направено пред тој рок.
-
Македонија 16.06.2023 16:02
Одбележани 80 години од масакарот кај Ваташа
Со откривање на бистите на 12 стрелани младинци од селото Ваташа, се оддаде почит на 80-годишнината од крвавиот настан, кој остана забележан во историјата од НОБ. Бројни потомци од семејствата на стреланите положија цвеќе на спомениците.
-
Македонија 16.06.2023 15:34
Истрага против прилепски возач за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици и неукажување помош на жртвата
Основното јавно Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Славеј за кривични дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна
-
Македонија 16.06.2023 15:27
Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Преспа форум за дијалог 2023, денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.
-
Македонија 16.06.2023 14:53
Дождовите им направија проблеми на пелагониските земјоделци
Пелагониските земјоделци одамна не паметат подолга и понеизвесна пролетна сеидба. Предолгиот пролетен врнежлив бран го отежнува исполнувањето на пролетниот сеидбен план и при максималното пробивање на оптималните рокови.
-
Македонија 16.06.2023 14:47
Вработените во Царинската управа на предупредувачки протест
Паузата од работното време ја искористија за протест. Вработените во Царинската управа упатија само едно барање – да им се исплати додатокот на плата во вредност од 30 проценти што им следува со колективниот договор, а никогаш не го добиле.
-
Македонија 16.06.2023 14:45
Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе
Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа – ова е наведено во последниот извештај на Стејт департментот.
-
Македонија 16.06.2023 14:34
Бавната интеграција во ЕУ е закана за Балканот
На Европската унија и е потребна јасна визија кон земјите од регионов – порака од „Преспа форум за дијалог“. Претседателот Пендаровски предупреди – бавниот чекор во интеграцијата е закана за Балканот, време е за преговори и членство.










