Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“, што ќе се одржи во Скопје во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.
-
Македонија 03.05.2023 08:18
-
Македонија 03.05.2023 07:59
Променливо облачно со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, уште од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи понекаде и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
-
Македонија 02.05.2023 21:31
Голема акција на МВР за сузбивање криминална група
Во тек е голема акција на МВР за разбивање криминална група во Скопје, при што е запленета поголема количина марихуана.
Од МВР потврдуваат дека акцијата, на улица „Скупи“, зад хотелот „Александар Палас“ сè уште трае.
Повеќе детали од министерството најавија за утре.
-
Македонија 02.05.2023 18:04
Припадници на Армијата на вежба во Германија
Владата на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „SIRA EX“ во Сојузна Република Германија, согласно Планот за организација и учество на Армијата на вежби од меѓународен карактер за 2023 година.
-
Македонија 02.05.2023 17:33
Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност во надлежност на Министерството за правда
Владата на денешната 151-ва седница ja разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата - Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни работи да преминат во надлежност на Министерството за правда.
-
Македонија 02.05.2023 17:20
Владата со предлог за нов Закон за употреба на македонскиот јазик
На денешната владина седница е разгледан и утврден текстот на Предлог на закон употребата на македонскиот јазик.
-
Македонија 02.05.2023 16:50
Шестмина кандидати за ректор на УКИМ
Шест кандидати се пријавиле за ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за изборите што ќе се одржат на 30-ти мај.
-
Македонија 02.05.2023 16:43
Дипломатите го одбележаа 29 Април- Денот на министерството за надворешни работи
Со пригоден настан денес се одбележа 29 април- Денот на Министерството за надворешни работи.
-
Македонија 02.05.2023 16:10
Град Скопје домаќин на „Денови на електротехника“
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во средното училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ ја отвори манифестацијата „Денови на електротехника“, што се одржува со цел да се промовира електротехничката струка и средното стручно образование.
-
Македонија 02.05.2023 15:52
Маричиќ: Нема проширување на сетот прашања за уставните измени
Откако ја информирал за моменталната состојба со спроведување на реформите и уставните измени, Маричиќ од Шведската министерка за Европа која претседава со Унијата, побарал да разговара и со сите останати политички актери.









