Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 03.05.2023 09:25
-
Македонија 03.05.2023 09:21
Тренчевска со делегација во Стокхолм на студиска посета за родова еднаквост
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска од денеска до 6-ти мај ќе предводи државна делегација на студиска посета во Стокхолм, чија цел е размена на искуства и практики во имплементација на политики на родова еднаквост.
-
Македонија 03.05.2023 09:15
Конститутивна седница на работната група за изборни реформи
Во Клубот на пратениците денеска ќе се одржи конститутивна седница на работната група за изборни реформи формирана од Министерството за правда, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно да работи и на нов Изборен законик.
-
Македонија 03.05.2023 09:10
Работилница за улогата на парламентите во процесот на европска интеграција
Во Собранието денеска ќе се одржи работилница на тема: „Улогата на парламентите во процесот на европска интеграција“.
-
Македонија 03.05.2023 09:05
Претставници на Демократско партнерство на Конгресот на САД во посета на Собранието
Претставници на Демократско партнерство на Конгресот на САД денеска ќе го посетат Собранието, а главна тема на разговорите ќе биде подобрување на фискалната контрола и буџетскиот надзор во Република Северна Македонија.
-
Македонија 03.05.2023 09:01
Османи од денес во посета на САД, следи обраќање пред Советот за безбедност на ООН
Во рамки на одбележувањето 30 години од рамковниот договор ОБСЕ-ОН, Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе присуствува во Њујорк.
-
Македонија 03.05.2023 08:55
Пациентите со цистична фиброза на протест пред Министерството за финансии
Пациентите со цистична фиброза денес ќе протестираат во 12 часот пред Министерството за финансии.
Тие бараат одговор од надлежните институции, до каде е набавката на лекот „трикафта“ и со законските измени за побрза набавка на лекот.
-
Македонија 03.05.2023 08:55
Седница на собраниската Комисија за надворешна политика
Собраниската Комисија за надворешна политика денеска ќе одржи седница на која на дневен ред треба да се разгледаат неколку ратификации.
-
Македонија 03.05.2023 08:18
Конференција „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“
Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“, што ќе се одржи во Скопје во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.
-
Македонија 03.05.2023 07:59
Променливо облачно со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, уште од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи понекаде и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.










