Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
-
Македонија 06.01.2026 08:44
-
Македонија 06.01.2026 08:31
Променливо облачно со повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 14 степени.
-
Македонија 05.01.2026 20:41
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
Утре по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св
-
Македонија 05.01.2026 20:16
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2025 година.
-
Македонија 05.01.2026 19:57
Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобѕирно управување на возило
За време на изминатиот викенд (03/04.01.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.402 издадени платни налози, 723 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале
-
Македонија 05.01.2026 19:10
Лишен од слобода крадец во Гостивар, пронајдено е дел од украденото, следува пријава
Денеска (05.01.2026) во 08:50 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.И.(35) од с.Вруток, гостиварско. Тој се сомничи дека во текот на утринските часови извршил кражба во црквата „Света Богородица“ во Гостивар, при што одзел пари.
-
Македонија 05.01.2026 18:46
Двегодишното дете починало од залутан куршум, се бара сторителот
Залутан куршум е причината за смртта на двегодишното дете кое беше повредено на новогодишната ноќ и почина по 24-часовна борба за живот. Истрагата продолжува, се бара сторителот. Во вакви случаи тешко се открива – признава министерот за внатрешни работи Тошковски.
-
Македонија 05.01.2026 18:09
Казни и глоби за загадувачите во главниот град
Казни и глоби за загадувачите на амбиенталниот воздух. Скопскиот градоначалник посочи дека од преземање на функцијата, преземени се засилени контроли на индустриските капацитети.
-
Македонија 05.01.2026 17:48
Планина од отпад во планските региони
Стара амбалажа, остатоци од ручекот, мали работи – што кога ќе се соберат, прават планина.
-
Македонија 05.01.2026 17:31
Нови возила и опрема за управување со отпад
Чистата животна средина не е привилегија, туку право. Наместо хаос, воведуваме ред. Место импровизација, градиме систем, рече премиерот Мицкоски на промоцијата и примопредавањето на возилата и останатата опрема за управување со отпад за општините од Пелагонискиот и од Југозападниот регион.










