Загрижува што, наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, документот е предмет на апстрактни и неосновани коментари од страна на Бугарија – македонското МНР одговори на прозивките од Софија за предлог – Акцискиот план за малцинствата.
-
Македонија 05.01.2026 17:03
-
Македонија 05.01.2026 16:33
Печалбарите повторно порачаа „не“ за данок
„Стоп за ретроактивни решенија“, „Не за селективна правда“, порачаа на вториот протест повратниците од Ирак и Авганистан. Тие неколку часа ја блокираа улицата пред Управата за јавни приходи, искажувајќи незадоволство поради ретроактивно оданочување за 2020-та година.
-
Македонија 05.01.2026 16:07
Бадниковите поворки утре во 80 градови и населени места, централна манифестација во Скопје
Здружението „Бадникови поворки“ информира дека утре, на 6 јануари 2026 година, ќе се одржат традиционалните Бадникови поворки – најголемата народно-културна и духовна манифестација посветена на најавата на Христовото Рождество – Божик.
-
Македонија 05.01.2026 15:22
Партијата на пензионери го поздрави донесувањето на Законот за работно ангажирање на пензионерите
Партијата на пензионери го поздрави донесувањето и почетокот на примената на Законот за работно ангажирање на пензионерите од 1 јануари, оценувајќи го како значаен и, како што велат, револуционерен чекор.
-
Македонија 05.01.2026 15:00
Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре ќе работат од 7:30 до 15:30 часот, среда е неработен ден
Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре ќе работат од 7:30 до 15:30 часот, а среда 7 јануари е неработен ден, информираат од јавното градско претпријатие.
-
Македонија 05.01.2026 14:42
На новогодишната ноќ пет деца настрадале од петарди, кај дел од нив била извршена ампутација
Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на пиротехнички средства, што се реализира под мотото „Создавај споме
-
Македонија 05.01.2026 14:18
Претрес во неготинско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
На 04.01.2026 во 13:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ш.М.(50) од с. Тремник, неготинско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки и дигитална вага.
-
Македонија 05.01.2026 13:36
Протест против ретроактивно оданочување на приходи
Во Куманово нов протест на луѓето кои работеле во странство, а од кои УЈП бара да го платат данокот. Тие се револтирани, управата објаснува – имаат доволно рок да ги подмират обврските.Елена Георгиевска известува. -
Македонија 05.01.2026 13:23
Двегодишното дете настрадало од залутан куршум
Заскитан куршум е причината за смртта за двегодишното дете на нова година – потврди министерот за внатрешни работи Тошковски. Истрагата продолжува. 20 пациенти беа примени на клиниките со повреди од пиротехнички средства. Најмалиот пациент 12 години, највозрасниот 69. -
Македонија 05.01.2026 13:13
Бугарското МНР со реакција за Акцискиот план
Софија контра Скопје за Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците подготвен од македонската влада. Велат дека тезите од овдешните власти остро се разликуваат од суштината на европскиот консензуз од 2022-ра година.










