Денеска во Охрид се одржа демонстрација на Оперативно-тактичка вежба ХАРПУН 2022 од страна на припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица „Тигар“ од МВР на Република Северна Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот од МВР на Република Бугарија, во содејство со Одделот
-
Македонија 25.11.2022 14:42
-
Македонија 25.11.2022 14:23
Четириесет и три лица од Куманово побарале помош за семејно насилство
Четириесет и три лица побарале помош за семејно насилство на подрачјето на Куманово за изминатите десет месеци, информира полицијата. Од вкупниот број регистрирани кривични дела, во својство на жртва се 30 жени, а во два случаи жените биле сторители. Лани биле регистрирани 60 кривични дела.
-
Македонија 25.11.2022 14:17
Нема термини за дијагностика за малигни заболувања
Шеесетгодишна скопјанка термин за ехо на дојка добила пред Нова година. Барала помош на хирургија бидејќи има неподносливи болки, но од таму и рекле дека не можат ништо да сторат без претходна дијагностика.
-
Македонија 25.11.2022 13:51
Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“
Осум млади луѓе со врвни резултати во областите во кои учат и работат, од претседателот Пендаровски го добија признанието „Успешни млади“. Виктор Стојковски е најдобар млад научник во општествени науки, Андреј Ристески го доби признанието во областа на техничките науки.
-
Македонија 25.11.2022 13:41
Апелација ја укина првостепената пресуда за „Трезор“
Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Трезор“, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје.
-
Македонија 25.11.2022 13:29
Ковачевски – Филипиду: Продолжуваме со јакнењето на пријателските и партнерски односи
Премиерот Ковачевски, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Република Грција, Софија Филипиду.
-
Македонија 25.11.2022 13:19
ССМ: Автобуси на ЈСП паркирани на непрописни и несоодветни места
Од Сојузот на синдикати на Македонија реагираат дека автобусите на ЈСП биле како што велат, паркирани на непрописни и несоодветни места.
Од ССМ тврдат дека наместо во гаражите, дел биле преместени до објекти на ЈП Водовод и канализација, со што се оневозможува непречено функционирање.
-
Македонија 25.11.2022 13:15
Приватните превозници на средба во Советот на Град Скопје
Приватните превозници на средба со советничките групи во Град Скопје. Од утрово протестираат пред Јавното сообраќајно претпријатие. Бараа одговор од менаџментот зошто не им е исплатен долгот од околу два милиони евра за неколку месеци.
-
Македонија 25.11.2022 13:06
Од недела заладување со врнежи од дожд и снег
Од недела под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со опаѓање на температурата на воздухот.
-
Македонија 25.11.2022 13:00
Министерство за правда: Синот на Талат Џафери има положено правосуден испит во 2015-та година
Во врска со случајот со Барлет Џафери, кој го водеше Државната комисија за спречување на корупција, Министерството за правда информира дека согласно евиденционата тетратка за положени кандидати што се води во Министерството и е од трајна вредност, Барлет Џафери има положено правосуден испит на 05









