ЕУ на телекомуникацискиот совет во Кипар, расправа како земјите членки да почнат со примена на новата контрола на пристапот до интернет страници и платформи за малолетните лица.
-
Македонија 30.04.2026 14:18
-
Македонија 30.04.2026 13:50
Вандализам во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип
Во најголемото штипско основно училиште, „Ванчо Прќе“ денес немаше настава. Причина е вандалскиот чин во училиштето ноќеска кога едно лица влегло во училиштето и ги демолирало кабинетите за предметна настава.
-
Македонија 30.04.2026 13:27
Рочиште за злоупотреба со средствата од ИПАРД
Во Кривичниот суд рочиште за случајот со митото поврзано со средствата од ИПАРД програмата. На обвинителна клупа се девет лица. Една од осомничените призна вина. Се товари за примање награда за противзаконито влијание.
Андријана Ѓурческа го следи ова рочиште.
-
Македонија 30.04.2026 13:23
Завршни зборови за тројцата полицајци за „Пулс“
Во Кривичниот суд рочиште со завршни зборови за тројцата полициски службеници од Кочани обвинети за неправилности при акциските контроли во дискотеката „Пулс“. Обвинителството со став дека не постапиле во согласност со пропишаните правила, службениците се изјаснија дека не се виновни.
-
Македонија 30.04.2026 13:21
Рочиште за поранешната претседателка на ДКСК
Ново рочиште за предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат.
-
Македонија 30.04.2026 13:18
Седница за пратенички прашања
Опозицијата прашува, премиерот и министрите одговараат. Во законодавниот дом седница за пратенички прашања.
Марина Стојанова Тонева известува.
-
Македонија 30.04.2026 12:45
Македонија со пад од три места на индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници
Македонија падна за три места на глобалниот Индекс за слобода на медиумите што денеска го објави меѓународната организација „Репортери без граници“.
-
Македонија 30.04.2026 09:33
Седница на Комисијата за финансирање и буџет
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.
На дневниот ред на седницата е разгледување на Предлог-законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и на Кварталниот извештај на Народната банка за февруари 2026 година.
-
Македонија 30.04.2026 09:13
Рочиште за екс претседателката на Антикорупциска
Ново рочиште за предметот „Адитив“. Од Обвинителството најавија дека ќе бидат презентирани комуникации меѓу Димитровска и Стојановиќ, со кои ќе се обидат да поткрепат сомнежи за оддавање службени информации.
-
Македонија 30.04.2026 09:08
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










