Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров денеска оствари работна средба со директорите на Царинските управи на Албанија, Италија и Црна Гора во Рим, заедно со високи претставници на ЦЕФТА Секретаријатот и Меѓународната транспортна заедница.
-
Македонија 09.09.2022 17:32
-
Македонија 09.09.2022 16:43
34 нови случаи со Ковид-19, починати три лица
Во последните 24 часа направени се 223 тестови, а регистрирани се 34 нови случаи на Ковид-19: Скопје– 26, Битола и Прилеп– по 2, Куманово, Охрид, Неготино и Свети Николе – по 1. Од вкупниот број на позитивни (34), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирани сe 264 оздравени пациенти.
-
Македонија 09.09.2022 16:41
Истрага и притвор за четири лица осомничени за трговија со дете
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна Министерство за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување истрага против четири лица.
-
Македонија 09.09.2022 16:20
Пендаровски постави нови амбасадори во Словачка, Канада, Норвешка, Белгија и Бугарија
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на своите уставни надлежности, денеска потпиша укази за поставување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Словачката Република, во Канада, во Кралството Норвешка, во Кралството Белгија и во Република Бугарија.
-
Македонија 09.09.2022 15:56
Пендаровски и Матарела положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“
Во рамки на официјалната посета на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Матарела положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
-
Македонија 09.09.2022 14:37
Власта и опозицијата со непроменети ставови околу референдумот
ВМРО-ДПМНЕ официјално ја поднесе Иницијативата за референдум до Собранието. Од партијата велат почната е процедурата за утврдување на уредноста на постапката. Информираа дека се собрани повеќе од 650 потписи.
-
Македонија 09.09.2022 14:36
Матарела: Италија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ
Северна Македонија и Бугарија се повикани да преземат обврска да развијат почитувачки и искрен дијалог за надминување на недоразбирањата од минатото, со целосно почитување на нивните сопствени култури и идентитети, рече во говорот пред пратениците италијанскиот претседател Матарела.
-
Македонија 09.09.2022 14:06
Притворени четири лица, брат за 3000 евра договорил присилен брак за малолетната сестра
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 07.09.2022 поднесе кривична пријава против С.Ш.(25) од
-
Македонија 09.09.2022 13:09
Бочварски: Потпишан договор за реконструкција на улицата Индустриска во Пехчево
Остануваме посветени во давање поддршка на локалните самоуправи, реконструкцијата на локалните улици и патишта продолжува со силно темпо, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска оствари работна посета на општина Пехчево.
-
Македонија 09.09.2022 12:56
Матарела: Без влезот на земјите од Западен Балкан, ЕУ нема да биде целосна
По 23 години, посета во земјава повторно на италијански претседател. Серџо Матарела со силна поддршка за Македонија со која вели дека догодина славиме 30 години од воспоставувањето на билатералните односи.









