Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „Сканија“ со скопски регистарски таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот.
-
Македонија 11.08.2022 13:08
-
Македонија 11.08.2022 13:01
„Отворен Балкан“ ги отвори границите за младите
„Отворен Балкан“ како пример за премин без граници и препреки меѓу младите, во време кога во светот сè повеќе земји се свртуваат кон себе или се во конфликт со другите. Кризните времиња носат предизвици, а од младите зависи каква иднина имаме.
-
Македонија 11.08.2022 12:48
Има или нема Македонци на боиштата во Украина?!
Македонските безбедносни институции досега не регистрирале учество на наши граѓани во војната во Украина на ниту една од страните, вели за Македонската телевизија, националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски.
-
Македонија 11.08.2022 12:33
Владата ја замрзнува маржата на огревното дрво и пелети
Владата донесе одлука да ја замрзне маржата за огревно дрво и пелети. Прифатен е предлогот на Министерството за економија, па сега, највисоката трговска маржа за овие производи се утврдува во висина најмногу до 10 проценти.
-
Македонија 11.08.2022 12:30
Деновиве врнежи над 30 литри на квадратен метар, од понеделник стабилизирање на времето
До недела, под влијание на циклонска активност, времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што соопшти УХМР, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
-
Македонија 11.08.2022 11:11
Повредени 35 мигранти во сообраќајка на патот Гевгелија- Демир Капија
Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале мигрантите, излетал од патот. Возачот побегнал.
-
Македонија 11.08.2022 11:00
Скутери дивеат на струшкото крајбрежје
Хаос на струшките плажи. Скутери и глисери дивеат по езерската шир загрозувајќи ја безбедноста на капачите. Не се почитува забраната за возење скутери, а егзибиции и лудории се изведуваат во кругот на самите капалишта, кои не се обележани и немаат спасители.
-
Македонија 11.08.2022 10:44
Општина Центар поставува заштитни нано филтри на сите прозорци во детските градинки
Општина Центар неделава започна со поставување на заштитни нано филтри на прозорците на сите 11 детски градинки под надлежност на општината.
-
Македонија 11.08.2022 10:18
Приведено лице од скопско, предизвикало пожар на отворен простор
Вчера во 19.20 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници од Полициска станица Драчево е лишен од слобода Ф.С.(59) од село Долно Количани, скопско.
-
Македонија 11.08.2022 09:59
Казнети 422 возачи за брзо возење на територија на државата
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 422 возачи.










