Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј, по повод донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
-
Македонија 25.05.2022 11:30
-
Македонија 25.05.2022 11:25
Владата на редовна седница ќе расправа по Предлог-одлуката за утврдување на приоритетите
Владата денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи редовната 48-ма седница.
Согласно дневниот ред, на седницата ќе се разгледува предлог-одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија во 2023 година.
-
Македонија 25.05.2022 10:49
Подводниот локалитет Врбник ќе го истражува меѓународен тим археолози
Меѓународен тим археолози ќе го истражува подводниот локалитет Врбник. Првата фаза од истражувањата лани потврдија дека наколната населба датира од раното железно време. Палео-ботаничката анализа ќе го отслика начинот на животот на населението и нивната исхрана.
-
Македонија 25.05.2022 08:29
Дендиас во посета на Скопје
Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска е во еднодневна посета на земјава.
-
Македонија 24.05.2022 21:42
Проекција на „Медена земја“ во Рим, во чест на светите браќа Кирил и Методиј
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и членовите на државно-црковната делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на вториот ден од посетата на Рим и Ватикан, денеска во киното „Тицијани“ присуствуваа на проекција на документарниот филм „Медена земја“ на р
-
Македонија 24.05.2022 17:46
Дендиас утре во посета на Скопје
Дополнително зајакнување на билатералните односи во сите области, европската перспектива на Северна Македонија, спроведувањето на Договорот од Преспа, случувањата на Балканот, во Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина, според грчкото МНР, се очекува да бидат темите за кои министерот з
-
Македонија 24.05.2022 17:05
Историски ден: Српскиот собор едногласно ја призна автокефалноста на МПЦ - ОА
Историјата се испишува. Српскиот собор едногласно ја призна автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Радосната вест ја обзнани српскиот патријарх Порфириј во беседата на заедничкото богослужење на архиереите од двете сестрински цркви.
-
Македонија 24.05.2022 15:09
Музичко дефиле во Штип во чест на сесловенските просветители
После неколкугодишна пауза, повторно згрми музиката на Градскиот дувачки оркестар во центарот на Штип. Празнично дефиле, во чест на сесловенските просветители
-
Македонија 24.05.2022 14:21
Пендаровски во Давос учествува на панелот за безбедноста во Европа
Безбедносната ситуација во Европа, по руската инвазија во Украина и кризните состојби со инфлацијата, енергијата, храната и климатските промени се главните теми на Светскиот економски форум во Давос, каде учествуваат 50 светски лидери.
-
Македонија 24.05.2022 13:49
Ковачевски - Драги: Проширувањето на ЕУ е клучно за просперитет на регионот и на Европа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во рамките на неговата работна посета на Рим, денеска оствари средба со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги.










