Бојкот на вработените во Управата за матична евиденција ќе предизвика застој во издавањето на документи за граѓаните.
-
Македонија 15.12.2025 16:07
-
Македонија 15.12.2025 15:31
Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Македонија 15.12.2025 14:40
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Скопска Апелација за една година му ја зголеми казната на Васил Јованов кој во јануари годинава на пешачки премин ја усмрти Фросина Кулакова.
Во соопштението од судот се вели дека се уважува жалбата на Обвинителството, а на обвинетиот му се изрекува казна од 13 години затвор.
-
Македонија 15.12.2025 14:34
Власта и опозицијата со две резолуции за мигрантите
Власта и опозицијата со две резолуции на иста тема, потврда дека мигранти
-
Македонија 15.12.2025 13:33
Новогодишна елка на градскиот плоштад во Скопје
Скопје ќе блесне во новогодишен сјај. Вечерва се палат празничните светилки. До најлудата ноќ – на градскиот плоштад, разни настани, музички настапи и забава за сите генерации – најави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Ана Јосифоска известува од центарот на Скопје.
-
Македонија 15.12.2025 13:21
Судскиот совет внимателно го следи случајот со Фехми Стафа, кому му е одреден притвор од 30 дена
Судскиот совет внимателно го следи случајот со Фехми Стафа, кому му е одреден притвор од 30 дена. Фактот што предметот се однесува за поткуп и пари, со кои требало да се изврши влијание кај апелациски судија ги мобилизира правосудните институции.
-
Македонија 15.12.2025 13:11
Антимигрантски резолуции во Собранието
ВМРО-ДПМНЕ со предлог резолуција до Собранието за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише нашата резолуција, велат социјалдемократите.
-
Македонија 15.12.2025 12:49
Предлогот за разрешување на Коцевски утре на пленарна седница во Собранието
Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се очекува да биде ставен на утрешната пленарна седница на Собранието, соопшти претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите.
-
Македонија 15.12.2025 11:02
Почна украсувањето на главниот град
Почнува официјалното украсување на главниот град за претстојните божикни и новогодишни празици.
-
Македонија 15.12.2025 10:43
Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила.










