Поранешната пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, денеска ја достави својата кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
-
Македонија 01.12.2021 12:17
-
Македонија 01.12.2021 12:06
Стабилна состојбата со Ковид-19 во Вевчани
Состојбата со корона вирусот во општина Вевчани е стабилна. Во регионот од 30.000 жители, кој го покрива Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во моментов има само 40 ковид позитивни пациенти.
-
Македонија 01.12.2021 10:40
Нова средба Заев- Гаши за влез на Алтернатива во Владата
Во Клубот на пратениците во Скопје за денеска во 14 часот е закажана нова средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Одржувањето на средбата го потврдија и од Владата и од Алтернатива.
-
Македонија 01.12.2021 10:33
МВР: 224 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи.
-
Македонија 01.12.2021 10:16
Стартува забраната за пластични кеси, од денеска само биоразградливи по цена од 15 денари
Од денеска стапува на сила забраната за пластични кеси. За граѓаните ќе бидат достапни само биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари, средства што ќе бидат наменети за специјалниот фонд за животна средина.
-
Македонија 01.12.2021 10:10
Намален бројот на нови случаи со Ковид-19
За 6,1 отсто помалку новозаразени со Ковид-19 од 22 до 28 ноември во однос на претходната недела. Намалување на бројот на заболени имало кај сите возрасни групи, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 01.12.2021 09:47
Утрово регистрирани два земјотреса во Кичево
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово регистрираше два земјотреса чии епицентри се наоѓаат 65 километри југозападно од Скопје, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево.
-
Македонија 01.12.2021 09:34
Награда за матичните лекари со повеќе од 70 отсто вакцинирани пациенти
Владата вчера на седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив.
-
Македонија 01.12.2021 09:29
Лажна пријава за напад ја мобилизираше полицијата во Скопје
Лажна пријава за напад во центарот на Скопје синоќа ја мобилизира полицијата. Беа евакуирани неколку објекти, кај Македонската опера и балет, Филхармонијата, средното музичко училиште.
-
Македонија 01.12.2021 09:12
Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово
Најстудено утринава е во Битола каде се измерени -10 степени. Утринските температури во целата држава се под нулата освен во Дојран каде според Управата за хидрометеоролошки работи е измерен еден степен над нулата.







