Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес во Брисел остварија средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
-
Македонија 02.12.2025 10:49
-
Македонија 02.12.2025 10:12
Завршна конференција – „Инклузија во движење: чекори кон промена“
Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ во партнерство со МЦГО организира завршна конференција – „Инклузија во движење: чекори кон промена“ од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, финансиран од Детската фондација „Песталоци“.
-
Македонија 02.12.2025 09:37
Јаневска во Брисел на конференција посветена на процесот на паметна специјализација на земјите од Западен Балкан
Денеска во Брисел (Charlemagne Building, Sicco Mansholt room), министерката за образование и наука проф.
-
Македонија 02.12.2025 09:07
Нормализиран железничкиот сообраќај по прекинот на бојкотот во МЖ Транспорт
Железничкиот сообраќај од ноќеска е целосно нормализиран, откако Синдикатот на машиновозачи го прекина бојкотот по синоќешните преговори со раководството на МЖ Транспорт и претставници од Министерството за транспорт.
-
Македонија 02.12.2025 08:58
Најстудено утрово во Берово
Берово со -4 степени утрово беше најстуден град во Македонија. Минусни температури беа измерени и во Тетово, Струмица, Скопје-Петровец каде беа измерени -2 степени.
-
Македонија 02.12.2025 08:41
Муцунски и Муртезани на средба со Калас во Брисел
Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашање Орхан Муртезани денеска во Брисел ќе имаат средба со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
-
Македонија 02.12.2025 08:29
Денеска во Собрание ќе заседаваат три комисии
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 02.12.2025 08:17
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
-
Македонија 02.12.2025 08:12
Ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“
Во судницата во „Идризово“ ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“. Откако судот одлучи да се спојат постапките за два предмета, на обвинителна клупа се 35 физички и три правни лица.
-
Македонија 02.12.2025 08:09
Променливо облачно со појава на магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.










