Премиерот Заев, во рамки на дводневната работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, денеска, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ, Агнеза Руси-Поповска одржа одделни средби и со европратеникот Ил
-
Македонија 11.05.2021 14:07
-
Македонија 11.05.2021 14:00
Масовна вакцинација и во Струмица
Масовна вакцинација до крајот на неделава ќе има и во Струмица. По реакцијата на граѓаните од југоисточниот регион дека треба да патуваат до Штип или Кавадарци, општината иницирала барање до Министерството за здравство, по што добиле и амин.
-
Македонија 11.05.2021 13:52
ИЈЗ: Намлен бројот на заразени и починати од Ковид-19
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 3-ти до 9-ти мај 2021-ва, тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4% во однос на минатата недела
-
Македонија 11.05.2021 13:00
Шекеринска: Заразениот потполковник од Африка вечерва ќе биде донесен во Скопје
Македонски офицер кој бил во мисија на ЕУ во Централноафриканската Република, сомнителен на Јужноафриканскиот сој. Потполковникот, со медицинска евакуација во соработка со европските служби за надворешни односи, ќе биде хоспитализиран на скопската Инфективна клиника.
-
Македонија 11.05.2021 12:47
Критики за затворските услови и за бруталноста на полицијата во земјава
За време на посетата, делегацијата на Комитетот за превенција на тортурата доби бројни обвинувања за физичко малтретирање нанесено од полициски службеници врз осомничени за кривични дела.
-
Македонија 11.05.2021 12:28
До петок сончево и топло време, а од сабота врнежливо
До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека од сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 13, додека максималните од 19 до 25 степени.
-
Македонија 11.05.2021 11:42
Скопјанец обвинет за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 11.05.2021 11:15
Приведени три лица од гостиварско, запленет хероин
Вчера околу 15.30 часот во атарот на гостиварското село Врапчиште, од страна на полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода О.Б.(39) од гостиварска Долна Бањица, 38-годишната гостиварка В.С. и А.М.(52) од с.Врапчиште.
-
Македонија 11.05.2021 10:57
МВР: 15 прекршување на забраната за движење, 449 санкции за неносење маска
Од 23.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење- соопштува МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 449 прекршоци.
-
Македонија 11.05.2021 10:48
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 701 ковид- пациент
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.










