Почна седницата на Централниот одбор на СДСМ, на која ќе биде презентирана новата предлог-програма на партијата. Ќе се разговара и за планираните активности.
Известува Борис Грујоски.
Почна седницата на Централниот одбор на СДСМ, на која ќе биде презентирана новата предлог-програма на партијата. Ќе се разговара и за планираните активности.
Известува Борис Грујоски.
Судски совет ја предложил судијката Мери Дика Георгиевска за нов член на Уставен суд. Станува збор за искусен судија од Апелациониот суд во Скопје, која зад себе има долгогодишна кариера во правосудството.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килиан Вал. Ова е прва официјална средба на државниот обвинител Савески по неговото именување на функцијата.
Во директни разговори со градоначалниците, членовите на Советот и претставници на општинската администрација, беа разгледани тековните активности, приоритетите на локално ниво и напредокот во реализацијата на инфраструктурните проекти, со посебен акцент на мерките што носат непосредни придобивки
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции.
Армијата доби 17 лесни пешадиски оклопни возила „Страјкер“ набавени од САД. Овие возила ја прават македонската армија прва во Европа која поседува вакви специфични борбени модели.
Македонија е безбедна, но во услови на сложени геополитички и безбедносни состојби, многу тешко е да се процени и предвиди во која насока ќе се движат работите и какви рефлексии ќе има војната во Иран.
Олеснет пристап до капитал за инвестиции, намалување на трговските и царинските бариери, поедноставување на бирократските процедури за водење бизнис, ова е клучно за да се зголеми конкурентноста на македонските компании, порачуваат од бизнис – заедницата.
Некој ќе го ротира владиното столче во друго министерство, но дел од министрите ќе се збогуваат со „Илинденска“ број 2– потврдува премиерот Мицкоски. Дел од функционерите не го даваат својот максимум и затоа ќе бидат сменети.
Клубот „Пулс“ не смеел да добие лиценца за работа, бидејќи се наоѓа во зона за лесна и незагадувачка индустрија.